Еколошки “масакр”, масовна сеча на дрва околу моклишкиот манастир во Кавадарци

Педесетина метри дрва даб и бука се исечени од имот на Македонската православна црква во близина на Манастирот Свети Никола во Моклиште, со одлука на Епархијата, пренесува КТВ. Ваквата постапка ја осудија жителите на селото Ваташа и стравуваат дека уништувањето на шумскиот појас може до доведе до голема еколошка катастрофа бидејќи се работи за лизгав терен.

„Револтирани сме што е започната сеча на овој дел кога сите знаат дека се работи за лизгаво земјиште и уништувањето на дрвата ќе ја зголеми ерозијата, а со тоа се дава можност да се сруши ридот и да го загрози манастирот“ рекоа револтирани жители на селото.

Од месната зедница упатиле известување до сите надлежни министерства со цел да се запре неконтролираната сеча. Претседателот на месната заедница Лазо Стефанов, рече дека биле уништени и стебла стари околу 200 години чии корени го држеле лизгавото земјиште.

Ваташани стравуваат дека со овој „масакар“ на шумата“, како што ја нарекуваат неконтролираната сеча, ридот можел да биде закана и за селото. Бидејќи пред педесетина години на тој терен се имало случено огромна катастрофа поради лизгањето на ридот. Тогаш настрадале и неколку луѓе и илјада грла добиток. Тие велат дека ќе бараат одговорност од тој што дал налог да се врши сеча и да се дојде до потенцијална опасност од катастрофа.

Од Повардарската Епархија не сакаа да коментираат зошто е започната сечата.

Извор КТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.