Од утре екологистите ќе собираат потписи

Екологистите, како што најавија на заедничката прес-конференција во Велес, ќе побараат од граѓаните со својот потпис да ја подржат нивната иницијатива за дополнување на Законот за животна средина, да не се дозволи градење загадувачка индустрија на растојание помало од пет километри од населените места. Ненад Коциќ од ЕД „Вила Зора“ од Велес рече дека со ова барање првенствено ќе се надмине грешката од Велес, каде Топилницата беше изградена и работеше среде град и ги труеше и им го загрозуваше зравјето на граѓаните над 30 години. ,,Од пратениците, без разлика на која партија припаѓаат, ќе бараме со своето гласање да ја подржат нашата иницијатива која значи подобра и поздрава животна средина за сите граѓани на Македонија,, – изјави Ненад Коциќ од еколошкото друштво „Вила Зора“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.