Екипата која го одржува груевизмот!

пишува Џелал Хоџиќ

Од СКМ, преку СДСМ и ПДП, до ВМРО и ДУИ, секогаш во позадина, а секогаш на власт!

Хорхе бил член на СКМ, па бил близок на СДСМ, а сега преку ВМРО е Претседател на Македонија. Познавам еден дуиџија, беше член на СКМ, потоа беше член на ПДП, сега е во ДУИ, тој цел свој живот исто така го помина на државна цицка.

Зошто ги спомнувам овие два примери? Една иста структура на луѓе ја владее и уништува Македонија цело време, на ист начин, од крајот на 80-те, преку приватизацијата, па се до груевизмот.

Единствен позитивен период во сите овие години е оној на Владата од 2002-2006 год. Да се разбереме, и тогаш имаше корупција, власта не беше доволно транспарентна и одговрна, ароганција, партизација и слични девијации во владеењто, но многу далеку од размерите во кои тоа се случува денес. Сепак, таа власт ја зема Македонија после конфликт, кога не контролираше 30% од својата територија, ја консолидираше државата и за четири години ја донесе пред вратите на ЕУ и НАТО. Тој период е единствениот одраз на Македонија од калта. Тогаш навистина бевме најубавата приказна во регионот. Само во периодот 2002-2006 година Македонија како држава дишеше поинаку од политичката елита која ја владее. Тогаш и САД нè признаа под уставно име. Во тие четири години, со сите глупости и мани, се поставуваа нишани за мултиетничка, модерна, просперитена, функционална и европска Македонија.

Од 2006-та наваму јасен ви е пеколот кој го живее и државата и граѓаните. Важно е само кога ќе ги видите луѓето како Иванов, Орце Камчев, Ѕинго, Латас, Мирка, Амди Бајрам, Ристо Никовски, онаа екипа на ПДП што се префрлила во ДУИ, многу локални моќници уште од почетокот на 90-те, сите заедно на едно место, тогаш треба да знаете дека таа страна е погубна за Македонија, ја дави во калта. Тоа е таа екипа која денес го одржува груевизмот, они се секогаш некои споредни ликови, но секогаш на власт. Нѐ дават во кал!

Leave a Reply

Your email address will not be published.