Едно лице загина во демонстрациите во Бразил

Група учесници на протестите во Бразил, синоќа упаднаа во Министерството за надворешни работи во Бразилија, при што се судирија со полицајците кои употребија палки и солазавец за растерување на демонстрантите.

При судирите се повредени десетина лица и се искршени неколку прозорци и влезната врата на Министерството,а полицијата упасила две лица.
Во текот на вчерашниот ден групи демонстранти се обиделе да влезат и во зградата на Парламентот и во
Претседателската палата во Бразилија, кои се обезбедувани од полиција и припадници на Армијата.
Протести синоќа се одржаа и во Рио де Жанеиро, каде на улиците излегоа околу 300.000 лица, а немири имало и во градот Салвадор, каде се одигра мечот од фудбалскиот Куп на конфедерациите меѓу Нигерија и Уругвај.
Според полициски извори, во тркот на вчерашниот ден протести се одржале во најмалку 80 бразилски градови во кои учествувале меѓу 800.000 и еден милион лица.
Поради демонстрациите против социјалната неаднаквост кои започнаа пред десетина дена како протест поради поскапувањето на јавниот транспорт во Сао Паоло, но подцна се проширија низ целата земја, бразилската претседателка Дилма Русеф ја откажа планираната посета на Јапонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.