Еден народ и една линија

Според државниот завод за статистика цитирам “Работоспособно население – го сочинуваат сите лица на возраст од 15 до 79 години”. Според друг податок од државниот завод за статистика на Р.Македонија цитирам: “Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70.3 години, односно 74.4 години кај лицата од женски пол”.

“Учеството на младото население (0-14 години) изнесува 17.1 %, додека учеството на старото население (65 и повеќегодини) изнесува 11.9 %” (ова е учество во вкупниот број население во Р.М.)

Значи 29 проценти (17,1% + 11,9%) неактивно население а 33 проценти од активното – невработено. Тоа се 62 проценти од населението кое зависи од некој друг. Е сега моето прашање е дали по ѓаволите вие сфаќате што се случува во државата. Повеќе од половина од населението (две третини) зависат од оние “вработените”.

И да, ова може сеуште не ви значи ништо но во статистиката постои еден многу битен показател – трендот. Тоа покажува како некоја појава ќе се движи во иднина. Трендовите се пресметуваат – предвидуваат врз основа на претходните податоци за подолг период за кои се пресметува очекувана вредност во иднина. Трендовите генерално се движат по линија која лесно може да се предвиди – па дури и за окото на оние кои не се експерти во дадената област. Доволни е да се погледнат податоците од минатото па не мора да сте експерти за да предвидите какви ќе се во иднина. Еве како тоа изгледа кога станува збор за стапката на невработеност.

Или ако сеуште не може да забележите – вака:


Да, трендовите знаат да изненадат. Генерално кога се прават големи отстапувања од состојбите во кои претходно се наоѓале – ако сакате да ја исфрлите топката која се движи кон кошот треба да направите блокада и да ја исфрлите од колосек. Но ако одбраната е заспана или недоволно активна таа и понатаму останува на истата патека, и ќе поентира до целта.

Целта на оваа црвена линија е далеку над бројката од 33% која владата со години ја крие несакајќи да спроведе попис. И ќе продолжи да се движи нагоре (можеби поспоро можеби побрзо – тука сме ќе издржиме, кој ќе преживее ќе раскажува). Проблемот е одбраната, заспаноста. Проблемот е несоочувањето со катастрофата, оти луѓе, незнам дали сфаќате дека оваа бројка или процент е далеку поголем од онаа реалното. 

Но ајде да речеме криза е во светот (сите во последно време се вљубени во тој изговор). Но дали образованието влијае да оваа бројка кај нас е поголема од било кога? Не сме ние необразовани (тоа е сосема друга тема на разговор) проблемот е што и тие што мислат дека се (затоа што имаат диплома) не добиваат она што треба за да некој би ги вработил. Овој систем создаде доволно факултети што дури и пензионерите можат да студираат и пак ќе има празни места. И зошто да не студираат, се додека таму, тоа место ќе ве поткова со знаење кое ќе ви користи. Порано имало вечерни школи, сега тие се заменија со дневни патувачки циркуси несакаде, во кои или не дошол професорот или пак доаѓа само да ги прими предадените семинарски кои некој друг ги подготвил место вас. Високото образование дојде до таму што порано други спремаа семинарски место вас, сега имаме и луѓе кои подвлекуваат што е битно во учебниците место вас – да, вие научете го само најбитното. И тоа не е вина на студентите –зошто би учеле кога и со тоа малку секако би добиле оценка и диплома. 

Не зборувам за приватни универзитети – туку за оние нашите државните, излезете на улица секако имате еден во комшии, како инаку би се полнел буџетот и би се намалувала невработеноста.

Можеме ли ние нешто да смениме? Дали ние можеме да ја смениме политиката? Да, го знам одговорот на секој вас “народот не може да смени политика, тоа е на партиите”. Ама размислете дали е тоа така. Не мора да ја уриваме власта или да се бориме да ја донесеме опозицијата на власт. Само размислете што ВИЕ може да направите, а не некој друг. Дури и размислувањето е чекор подалеку од онаа црвена линија горе.

П.С. Слушнав денес кај нашиот северен сосед, за прв пат млад човек се откажал од својата диплома, да, и тоа преку весник. Доста му било од барање работа каде секаде треба да имаш дебели врски. Ја откажал својата диплома од Природно математичкиот факултет, и заминал во Чикаго. Размислил? Не. Направил како што Тие не истренираа, и тука и таму, истото срање. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.