Џони Штулиќ: Народот нека се бори!
КАКОВ Е МОМЕНТАЛНО ОДНОСОТ НА РЕЛАЦИЈА СРБИ И ХРВАТИ?
Сигурно дека постои разлика. Постои разлика меѓу два града, разлика меѓу две семејства, разлика меѓу две села кои се на три километри, постои разлика помеѓу маж и жена, постои разлика меѓу самиот себе. Секогаш постои разлика, за тоа е глупаво да се зборува, тоа е сосема сигурно. Повтроно ќе повторам, постои разлика меѓу овие горе кои грозничаво ги штитат своите интереси. И не само своите, туку и туѓите интереси, бидејќи ќе направат се да се задржат таму. И би сакал да додадам дека тие луѓе не се паднати од Марс, тоа е дел од нас, такви сме ние. Јас мислам дека било кој од нас да е горе би го правел истото, да бидеме искрени према самите себе, а можеби и уште полошо. Каков народ, таква власт.
МИСЛИШ ДЕКА ОВДЕ НЕМА СПАС?
Не велам дека нема спас, има, но никој не е луд. Гледа тој дека ситуацијата е сега или никогаш. Сите овие педесет години постоеше страшна варварска опасност за оние кои имаат пари. И што направија тие, ја поделија и издвоија владејачката класа од народот, и тоа не само во Југославија, туку во цела источна Европа. Јас секогаш слушам исти приказни од сите. Сите оние кои претходно беа во источна Европа имаат ист проблем, корупција, криминал, неодговорност и сите оние работи кои сега ни станаа секојдневна појава. Значи, вистина е дека редицата се израмнува од назад, но се огледува на оној над себе, првиот. И секако, целиот народ има крива слика за животот, крива претстава за тоа што треба да се прави и како да се прави,и тоа е најтешко да се излечи. Кога велат сите се луди, сите се болни, а тие јавно се фалат дека добивале пари во дупли ловчези, па секој како ќе се снајде . . . нема снаоѓање во животот, се тоа е организација, тимска работа. Особено на оваа технологија и во ова време, со овој наталитет, со оваа младост која доаѓа. Тоа нема теорија повеќе да поминува така. Овде треба нешто да се отсече, но бидејќи тоа е најтешко никој со него не се занимава. И уште нешто, што друго човек да нарави освен да земе пушка и да пука.
НЕМОЈ ТАКА ДА ЗБОРУВАШ, ТОГАШ ЌЕ ПОТЕЧЕ КРВ ! ЗА ЖАЛ !
Ова сакам да кажам. Тоа е единствениот начин за некој престиж, кој има среќа ќе преживее, да исто онака како партизаните кога ќе победат и за тоа од благодарност добиваат куќа, бидејќи нашиот народ тоа така го сфаќа. Така тој цел живот ќе седи покрај море, ќе гледа птици и ќе ужива. Па каде го има тоа? Бидејќи друга работа и нема. Што да прави човек денес. Сите бегаат надвор, тоа е катастрофа. И економска катастрофа, да. Тоа е тоа сценарио, иди ти таму и сметај, а јас ќе дојдам и ќе те измасирам. Ова се прави само затоа да тогаш кога шумарот ќе дојде да воведе ред, а сигурно ќе дојде, тогаш оној кој сето тоа го замесил ќе живее убаво до крајот на животот. Осигурано, бидејќи научил да служи на господарот овака или онака. И така да бидеме среќни и пресреќни ако овде ни дојде Американец, па ни рече сега ќе биде вака. Во принцип, со Словенија имавме Кувајт, со Хрватска ќе имаме курди, а овие останатите, ако бидат добри, можеби би имале среќа. И тоа не смее да се прави, тоа е национално предавство, тоа го нема никаде во светот. Сите ги заборавивме класните години на борби кои се основна работа. Можеме да велиме дека не е, но е. Ќе направи се не да ја продаде својата земја, туку да ја продаде својата душа, а душа нема. Што може од него да очекуваш, нема Бог. Многу добро знеме какви сме ние луѓето. Тоа не смее да се дозволи и тоа е велепредавство комплетно, по сите прашања.
А ШТО ДА ПРАВИ ЈАДНИОТ НАРОД ЏОНИ?
Каков јаден народ, народот треба да се организира како што се организиравме пред педесетина години и да се бори.
А, АКО НАРОДОТ Е ПРИСИЛЕН НА ТОА?
Каква присила? Не е присилен. Зошто јас не сум присилен во тоа? Зошто ти не си? Каков бре јаден народ. Секој има глава, нека мисли, нека се организира. Кој бре ќе му средува, Бог? Бог не постои. Кој?
… ВЕДНАШ ЌЕ ГО ПРОГЛАСАТ ЗА ПРЕДАВНИК НА СВОЈОТ РОД АКО КОНТАКТИРА СО БИЛО КОЈ ДРУГ.
Па нека го прогласат. Па што? И јас сум дома предавник. Не поради тоа, туку поради тоа што се оттргнав од своите корени, па што. Баш ме боли ! Сум, па што?
Уште нешто би додал кога станува збор за нациите, според мене, основна работа е човек сам по себе да биде слободен, а националноста и сите овие работи, семејството и името тоа е негова приватна работа. Човек треба да биде слободен, да знае што прави и да знае за што се бори и за што живее. А ова се се дополнителни категории. Ентитети кои се конструирани за да овие и понатаму можат да манипулираат. Да управуваат, да измислуваат.
Превод: К.Попова