Пензионерите се движечка сила во ова општество, затоа не јадете многу трици!

пишува Кире Бебеџаков

Почитувани Матуранти,

Нека ви е честито матурирањето и со среќа зачекорувањето во ова општество на владеење на македонскиот Луцифер.

Сега, кога влегувате во светот на возрасните, на алчните, на преку ноќ збогатените, насочете го вашиот младешки потенцијал кон позитивните вредности. Пред се во личното обликување во корисен партиски член на општеството кое заеднички го градиме, а малкумина го крадиме.

На крстосницата од животот немојте да ги заборавите традиционалните вредности: свадба, семејството, црква, деца, данок, лозје, данок, црква, данок, црква, како и партиска членска книшка за работа до 200 евра. Не ја заборавајте и добрата воља на луѓето, ако случајно налетате на некој од тој вид. Традиционалните вредности ве оплеменуваат, ви ебаваат мајката и ви помагаат многу поуспешно да подлегнете пред предизвиците на животот во кој што зачекорувате, а појма немате каде одите.

Пензионерите се движечката сила на нашето општество. Затоа немојте многу да изведувате криви-дрини и да барате повеќе отколку што им даваме на нив. Вие, младите, сте нередната генерација кавадарчани, македонци, од кои ќе цицаме данок, арач, по секој основ, за економски и политички развој на десетмина наши партиски функционери во оваа држава. Вие сте и авангардата и пркосот. Вие сте наредното ДПМНЕ.

Овие вредности се врвен приоритет и во работењето на општина Кавадарци.

Образованието нека ви биде цел. Високо над облаците. Дисперзираните студии мораме да ги одржуваме во живот. Секој треба да заврши високо образование. Глуп, туп, прост, луд, забеган…Посебно нашите партиски членови. Заедно да го издигнеме Кавадарци како најобразовен град во Европа. Бидејќи само образована младина и продуховен народ ќе можат да одговорат на барањата на сегашното време. Време на владеење на единичари, понавјачи, ученици од магарешките клупи.

Изборот пред кој сте исправени е ваш и личен. Секогаш имате избор. Може да заминете од ова општество, од Кавадарци и Македонија, сами, со фамилијата или со роднинитте. Може да работите во друга земја за 1 500 евра месечна плата, 5 дена во неделата, 8 часа дневно, без притисоци на работното место, почитувани од колегите и претпоставените, каде не ви бараат партиска книшка ами го ценат високо вашиот труд.

А може да си останете овде, во нашето прекрасно Кавадарци, да ви ја вадиме душата за 200 евра месечна плата, да работите и по седум дена во неделата, и до 12 часа дневно, со секојдневни притисоци и закани на работното место, шеф со основно образование или средно вечерно училиште, да си завидувате еден со друг со колегите оти петмина работат а тројца се шлепаат на нивниот грб, и задолжително мора да имате наша партиска книшка. Без книшка, вашиот труд може да си го носите у три пичке лепе материне.

Појдете по патот на знаењето и образованието, бидејќи така ќе си обезбедите многу подобар живот. Да се огледаме на некои други земји, некое друго општество,  оти кај нас образованието смрди, скапано и се распаѓа во континуитет. Верувајте, добро набилдан млад човек, со трицепси и широк врат може многу поуспешно да се вгради себе си во заедничката цел: подобра Македонија и просперитетно Кавадарци.

Нашата партиска девиза: „Знаењето е сила, знаењето е моќ”, задолжително да ја напишете на евтина тоалетна хартија, да си го избришете со неа газот и фрлете ја што подлабоко во шољата.

До наредните матуранти…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.