Две самоубиства зa три дена во Кавадарци

Се случија две самоубиства во Кавадарци за период од само три дена. Од СВР Велес ја потврдија информацијата.

-На ден 01.02.2015 год. во 14.45 часот во полициска станица Кавадарци пријавено е дека во Кавадарци пронајдено е обесено лице, 42- годишен жител на Кавадарци. По овластување на јавен обвинител извршен е увид на лице место при што од извршениот преглед над телото не се најдени траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на фамилијата, вели Анита Стојковска, портпарол.

– На ден 03.02.2015год. во 17 часот во полициска станица Кавадарци пријавено е дека во Кавадарци пронајден е обесен 25 годишен жител на Кавадарци. Извршен е увид на лице место во присуство на доктор- патолог кој констатира дека на лешот нема траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во Инситутот за судска медицина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.