Две лица од Кавадарци украле мајмун од Зоолошката градина во Скопје

– Вчера во 17:30 часот е поднесена пријава дека двајца посетители во Зоолошката градина во Скопје украле мајмун. Со употреба на погоден алат пресекле делови од челични жици од мрежестата ограда од челична плетена мрежа и низ отворот го украле младото животно мајмун од видот павијан. Го ставиле во вреќа и најверојатно прескокнувајќи ја задната капија на Зоолошката, избегале со такси, рече Лиза Бендевска, портпарол во МВР.

Крадците биле приведени околу 21 часот во Кавадарци. Одземено им е мајмунчето, по што се пуштени.

По расчистување на случајот против нив ќе следува кривична пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published.