Двајца вработени во неготинскиот катастар приведени за мито од 400 евра

Според првичните и неофицијални информации до кои дојдовме, станува збор за поткуп од 400 евра кои осомничените ги побарале за да забрзаат предмет во надлежност на Катастарот.
Нашите извори во Катастар велат дека вчера двајцата службеници биле приведени додека биле на работното место.

Тие се предадени на надлежниот јавен обвинител. Министерството за внатрешни работи најави дека во текот на денот ќе излезе со официјално соопштение за случајот, иако ни потврдија дека вчера била поднесена пријава за поткуп против две лица во Неготино.

Извор Плусинфо 

Leave a Reply

Your email address will not be published.