Двајца руски заменици-министри на црната листа на ЕУ

На црната листа е првиот заменик-министер за одбрана на Русија, Аркадиј Бахин и заменик-министерот Анатолиј Антонов.
На листата се и генерал-полковник Андреј Картаполов началник на рускиот Генералштаб, пејачот Јосиф Кобзон од Комисијата за култура во Државната дума и Валериј Рашкин, лидер на московската партиска организација на комунистите.
На црната листа се и 14 лидери на украинските сепаратисти, вклучително Арсениј Павлов кој објавува видео-снимки од борбите во Источна Украина. На црната листа на ЕУ вкупно се наоѓаат 151 граѓани од Русија и од Украина, како и 37 компании.

Leave a Reply

Your email address will not be published.