Два гласа за пакет сок и десет сендвичи. Ех, оваа наша чудесна земја…

Некаде околу 13 часот во непосредна близина на избирачките места 659, 663 и 664 кои се наоѓаат во основното училиште “Страшо Пинџур” во општина Кавадарци, е регистриран поткуп на граѓани-роми од страна на лице активист на политичка партија.

За двата гласа на граѓаните од ромска националност е понудено пакет газирани сокови како и десет сендвичи.Целиот овој инцидент се случил во непосредна близина на граѓани кои своето право на глас го користат на ова избирачко место. Настанот од очевидците преку допис е испратен до редакцијата на “Мојот Град”.

Leave a Reply

Your email address will not be published.