Државата слепа за проблемите на слепите лица

Сообраќајната култура сеуште е на ниско ниво, се жалат слепите Недостигот на аудио книги и литература со брајова азбука им преставуваат дополнителна пречка во извршување на нивните секојдневни обврски, пренесува Телма. Недоволната помош од државните институции им го отежнува животот на овие лица и затоа поголем дел од нив се затворени во себе и не се чуствуваат корисни за општеството.

По повод меѓународниот ден на белиот стап во градскиот парк се одржа таканаречена “розова трка”со цел да се подигне јавната свест за потребите на лицата со оштетен вид, и да се воочи дека тие се рамноправен дел од ова општество и дека не смеат да бидат дискриминирани и заборавени.

Слепите лица се движат само со бел стап, со куче водич или со помош на друг човек.Во македонија има околу 2500 слепи лица и лица со оштетен вид. 

Извор ТЕЛМА

Leave a Reply

Your email address will not be published.