Дрекселмајер на терет на буџетот на општина Кавадарци

Во таа насока објавуваме информации за тоа колку средства од буџетот на општината се одлеваат на сметка на компанијата “Дрекселмајер Мануфактуринг Македонија дооел Кавадарци“ по однос субвенционирање. Овие податоци се за период од 5 месеци.

За субвенционирање на транспорт на вработените во “Дрекселмајер” за периодот од 01.01.2013 година до 31.05.2013 година се одлеани вкупно 711 059 денари или 11 657 евра, или по месеци:

  • Јануари – 69 675 денари,
  • Февруари – 108 026 денари,
  • Март – 142 562,
  • Април – 195 398,
  • Мај – 195 398.

За субвенционирање за исхрана на лица ангажирани од страна на “Дрекселмајер” , од буџетот на Општина Кавадарци се одлеани 126 000 денари или 2065 евра.

  • Јануари – 20 760,
  • Февруари – 22 800,
  • Март – 27 480,
  • Април – 27 480,
  • Мај – 27 480.

Засега Мојот Град располага со овие информации во врска со кавадаречкиот инвеститор. Во периодот кој следува ќе ви пласираме информации и за тоа колку изнесува субвенционирањето од страна на Централната Власт кон оваа компанија?

Кои се бенефитите на општина Кавадарци со функционирањето на оваа фабрика (доколку ги има)?

Зошто “Дрекселмајер” за разлика од другите компании во градот е ослободена од разни давачки и даноци?

Колку проценти од вработените во оваа компанија се од територијата на Кавадарци и колку пари се влеваат за развој на кавадаречкото стопанство?

На ова а и на многу други прашање одговор и детални информации во периодот кој доаѓа.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.