“ДРЕКСЛМАЕР” добива по 3.000 евра од државата за секој вработен?

Оваа фабрика веќе се зема како драстичен пример на т.н. несигурен работен однос (прекаријат). Згора компанијата, според Миладина Монова, добива по 3.000 евра од секој работен договор. Во Србија, како што прочитавме во тамошните медиуми, “Дрекселмаер” добива во 5.000 евра од работно место!

Глобус доста пишуваше за овој “проект за вработување” на власта. Забелешките се потпишани од Миладина Молова. Најпрвин еве го текстот.

“Германскиот гигант ‘Мерцедес’ отвори фабрика во Кавадарци пред една година. Денес во неа работат 4 000 работници кои произведуваат некои основни електронски делови за Мерцедес и БМВ автомобилските мотори. За секој работник, странскиот инвеститор добива 3 000 евра од државата.

Во принцип, работници се сметаат себеси за среќни со платите на околу 200 евра месечно, договорите за работа кои ги потпишуваат, топлиот оброк во текот на денот! Условите за работа, сепак, се сметаат за особено исцрпувачки. Работен ден трае 8 часа со 15 минути пауза за ручек . Еден работник објаснува – 5 минути за да одам до ресторанот, 5 минути да чекам во ред и 5 минути за да јадам. Во остатокот од денот, на работниците им е дозволено да имаат по најмногу 10 минути пауза. Можат да се напијат само вода, нема кафе и сок. Ако сакаат да ја напуштат лентата, мора да си најдат “џокер”, ако на пример, одат во тоалет или мораат да земат лек. Ако ве фатат дека сте земале повеќе од доволеното отсуство ќе морате да пополните формулар и ќе ви се одбие од платата.

Фабриката работи во три смени, дење и ноќе со минимални надоместоци за ноќен труд.. итн, итн Според вработените, многу луѓе не можат да издржат такво темпо на работа во такви услови и плата и ја напуштаат фабриката. ‘Инвеститорот’ не се грижи многу за тоа – за следниот работник кој ќе дојде на нивно место, значи за секој следен договор ќе добие уште по 3 000 евра …”.

Миладина Монова е една од оние научни работнички која ја наблудува постојано и Македонија

Некој, на пример, провладините медиуми може да речат која е пак таа Миладина Монова? Таа има докторска диплома по социјална антропологија од Ecole des Hautes, Високата Школа за социјални науки во Париз. Нејзината докторска дисертација има наслов “Нема враќање: Егејците во Република Македонија”. Нејзините тековните академски и наставни интереси се фокусираат на бегалците, идентитетите на военит ебегалци – особено во однос на децата и борците, прекуграничниот односи и минатото во меморијата на балканските земји (Грција, Македонија). Таа, исто така, има научни трудови од јазичната антропологија (политиката, јаизкот и идеологиите во Европа).

Д-р Монова одржува предавања како асистент по етнографски методи во социологијата и антропологијата, урбаната социологија и историјата на француската социологија меѓу 1918 и 1970 година на Универзитетот во Лил.. Таа, исто така, имала различни истражувачки смисии во Атина, Будимпешта и Софија. Има објавени статии на француски, англиски и македонски, во два домашни и меѓународни академски изданија. Таа е член на редакцијата на академско списание, Balkanologie.

Нејината белешка е само дна од многуте кои се појавувата во Европа по повод скандалозните работни односи во Дрекселмаер – Кавадарци, на кои им кумува и нашата власт. За тоа прашање, како иза клаузулите од договорот под кој “Дрекселмаер” влегол во земјава, секако допрва ќе се отвораат расправи. 

Извор ГЛОБУС

Leave a Reply

Your email address will not be published.