“Дрекслмаер” денеска нема да работи!

Германската инвестиција Дрекслмаер денеска нема да работи. На вработените им е кажано дека причината поради која компанијата денеска нема да произведува е наводното местење на клима уреди во производствените хали.

Интересен е фактот што токму денеска со почеток од 13:30 часот ќе се оддржи и закажаната прес –конференција пред зградата на фабриката во организација на Движењето за социјална правда – ЛЕНКА и Левичарското движење – СОЛИДАРНОСТ како знак на солидарност со работниците во германската фабрика “Дрекслмаер”, како и за поттикнување и за охрабрување на работничката борба.

“Вработените во фабриката “Дрекслмаер” покрај тоа што работат со максимално, полночасовно време, а неретко и повеќе од тоа, примаат минимален надомест за нивниот труд. Вработените во оваа фабрика работат во тешки услови и соочени се со силни психолошки, но и со физички притисоци од раководството на фабриката. Институциите, како по обичај, ги нема. Тие се активираат само кога треба да застанат на страната на работодавачите” – велат од здружението.

Интересен е фактот зошто токму денеска фабриката се одлучи да ги исклучи своите машини?Дали денеска следува уште еден штрајк пред портите на “Дрекслмаер”? Случајност или не, проценете сами.

Leave a Reply

Your email address will not be published.