Доживотен затвор за Тони Станоев од Кавадарци

Доживотен затвор за трикратниот убиец од Кавадарци Тони Станоев. Апелацискиот суд во Скопје ја зголеми казната која претходно Основниот суд во Велес ја заокружи на 40 години затвор.

Одлуката е објавена на веб страницата на Основниот суд Велес. Станоев е осуден за три убиства. Тој во ноември 2014-та година со по еден истрел од пиштолот за кој поседувал дозвола ладнокрвно ги уби таткото, мајката и сестрата на неговата сопруга.

Убиството го извршил дома додека семејството подговувало неделен ручек. Станоев за време на судењето рече дека се се случило набрзина и изрази сочуство за смртта на трите лица кои ги уби.

Вештаците утврдија дека тој бил свесен  и пресметлив во моментот кога ги извршил убиствата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.