Дождот ги попречи земјоделците да ги завршат сеидбените работи

Сеидбата не е завршена поради големото количество на врнежи на дожд од минатата недела кое изнесуваше од над 50 литри на метар квадратен.
Од подрачното министерство за земјоделство во Кавадарци велат дека секоја наредна сеидба ќе биде со ризик за земјоделците а ќе значи и поголем трошок затоа што ќе треба на единица површина да потрошат повеќе семенски материјал.

Според информациите досега се посеани само 49 хектари со пченица а во индивидуалниот сектор 10 хектари. Јачменот во земјоделските претпријатиа е посеан на 295 хектари а во индивидуалниот сектор на површини од само 40 хектари.

Промена нема ниту на градинарските култури кои се застапени само на 33 хектари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.