Доста со тие учки, бе, дајте малку пички!

Сите полиции на сите европски земји, во сите антитерористички акции во последниве десет години, збирно, имаат помалку жртви отколку безбедносните сили на Бившата југословенска република во битката во Куманово!!!!!
Тоа е така затоа што европските сили се раководат во акциите со ставот дека треба да ги минимизираат жртвите на својата страна, а безбедносните сили, кои во меѓувреме се трансформираа во лична гарда на Големиот идиот и во платеници на режимот, да ги максимализираат: и вистинските и уште повеќе лажните битки против тероризмот тука не се битки против теророт, туку се битки за политичка репродукција на идиотите!

Терористите односно тие што на јавноста и се претставени како терористи и полицајците во служба на Груевски, ги даваат своите жртви во еден ист протокол на манипулацијата, на лагата, на стравот, на патетичниот фанатизам, во ситуации кои се,речиси, секогаш симулакрумски!

Монструмот од жена, од човек, од министер, им се поклонува на тие што ги однесоа во смрт таа, нејзиниот луд шеф и нестварно лудиот режим!

Плаче!
Шефот и го нема никаде, гротескна би била неговата појава дури и за канцеларијата на ужасот на шефот на неговиот кабинет!
Сите жалиме за животите на луѓето!

Но, јас мислам дека секој човек има право да одбие наредба ако го тераат да скокне во високата печка на Минчо Јорданов, секој има должност спрема себе и спрема своите, спрема смачканиот устав и законите да ја земе предвид општата ситуација и целосната дискредитација на режимот и да одбие да служи било од принципиелни причини, било затоа што мора да знае дека животот во такви околности му виси на конец и дека на режимот нема око да му трепне да ги ликвидира ако оцени дека е тоа е добро за него!

Така што мислам дека треба да излеземе од функционалниот патос што ни го наметнуваат злосторниците маскирани во власт и работите да ги погледнеме такви какви што се!
Оти на некое род шоу или на јавен тендер, режимот може да најде и други партнери кои се спремни да инвестираат во смртта на Македонија! Не мора се само учки да ја напаѓаат Македонија, има и пички кои знаат да бидат страшно агресивни!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.