Доста е сиромаштија, доста е крв, доста е страв!

пишува Марјан Забрчанец

Груевски ја носи Македонија во изолација. Во обидот тој да остане на власт, ќе урне се што значи живот и живејачка на граѓаните. Ќе се соочиме со санкции, ќе ги изгубиме сите меѓународни поддршки и на крај ќе завршиме со граѓанска војна и ќе испоцркаме од сиромаштија.
Не смееме да паднеме во замката која ни ја подготвува овој луд човек.
Мора да останеме разумни, со јасен поглед кон спасот на Македонија. Сите. И опозицијата, и неутралните, но и оние што до сега ја поддржуваа власта.

Ние немаме друга држава и затоа не смееме да дозволиме Груевски да ни ја урне нашата Македонија. Ваков или таков, договорот од Пржино е единствениот пат кој може да ни донесе брза минимална стабилизација и со тоа да се создадат услови за подобро владеење и подобро живеење во Македонија. Очите на меѓународната јавност се вперени во Македонија и тоа треба да се искористи. Ова е последна шанса. Нема друг пат. Секој друг пат ќе падне на грбот на нас, граѓаните. Груевски сака граѓаните да се судрат на улица, како во секој режим. Да не му дозволиме. Доста е сиромаштија, доста е крв, доста е страв. Доста страдавме.
Заслужуваме подобро!

Leave a Reply

Your email address will not be published.