ДОСИЕ: Гордана Јанкуловска (1 ДЕЛ)

Според информациите на Centarnews, Гордана Јанкулоска, откако седнала во министерската фотелја во МВР, само во станови, го зголемила својот имот за НЕВЕРОЈАТНИ 200 ИЛЈАДИ ЕВРА! Оттаму, поставуваат просто прашање до министерката за внатрешни работи и до премиерот Груевски. Дали со чесна македонска плата, нека е и министерска, за 5 години се доаѓа до заработка од 200 илјади евра?
 
Секој граѓанин во оваа земја одговорот го знае, но Груевски нека одговори, просто, како што тој сака, дали може или не може?
 
Во случајот Гордана Јанкулоска МОЖЕ. Еве ги анкетните листови.
 
Во 2006 година Јанкулоска пријавила дека поседува само стан од 76 метри квадратни, со вредност од 50 илјади евра.
По 5 години, во 2011 година, министерката се проширила во нов стан, од 114 метри квадратни, вреден 120 илјади евра. Интересно, истата година, со стан од 95 метри квадратни, вреден 100 илјади евра се стекнува и нејзиниот брачен партнер.
Едноставно е прашањето, како и успеа ова на чесната министерка Гордана Јанкулоска?
Дури за 4 пати да го зголеми својот имот, од две плати во државната администрација, заедно, не поголеми од 1700-тини евра?!
 
Обична пресметка покажува дека, дури и кога министерката и нејзиниот сопруг не би трошеле ни денар од своите плати, да не јаделе, да не купиле ништо, не би можеле за толку кусо време да заработат ни половина од оваа сума – 200 илјади евра зголемен капитал.
 
Јанкулоска соочена со фактите и вистината, како во квизот „Милионер“, се одлучи да одигра „повикај пријател“. Антикорупциската комисија, наместо да и помогне уште повеќе ја заплетка. Од нивната „помош“ се отвораат нови сериозни прашања. 
 
– Прво, министерке Јанкулоска, каде во Скопје, во централно подрачје, 214 метри квадратни чинат 140 илјади евра? Помалку од 700-тини евра по квадрат?! Во Центарот на Скопје?! Ова би била корисна информација за граѓаните бидејќи и тие сакаат да купат евтини станови.
 
Значи, каде и од кого со 140 илјади евра може да се купат два стана, од 114 и од 95 метри квадратни?
– Второ, како сте успеале да добиете кредит од 100 илјади евра, со државна плата од 60-тина илјади денари? Ако навистина го имате, како го враќање со две плати од државната администрација, кога за толкав кредит ратата не е помала од 80 илјади денари месечно? Фирми не можат да отплаќаат толкави кредити, а не државни службеници!
– Трето прашање, и до Вас и до Антикорупциската комисија – Каде Ви е објавена информацијата за кредит од 100 илјади евра? Тој податок треба да е јавен, ама никаде го нема!
 
Анкетните листови на Гордана Јанкулоска.
Во нив нема пријавено кредит од 100 илјади евра, туку и тој кредит од 25 илјади евра што го навела Јанкулоска во анкетниот лист 2006-та, во 2012-та не постои. Во 2012-та, има двојно помал, заеднички кредит со партнерот, од 14 илјади евра. Значи, за 6 години кредитите на Јанкулоска се намалиле за 11 илјади евра. Од друга страна, заштедите на чесната министерка, во девизни и денари пораснале за дури 15 илјади евра!
 
Од 10 илјади евра во 2006-та, на 24 ИЛЈАДИ ЕВРА во 2011!
ИЛИ, за 5 години, Јанкулоска и брачниот партер се стекнале со ДВА СТАНА, во вредност од 200 ИЛЈАДИ ЕВРА и парични средства од 26 илјади евра!
 
Дополнително, околу целиот случај, Јанкулоска, за првиот помал стан, вреден 50 илјади евра, навела дека е стекнат со договор за купопродажба. Во новиот анкетен лист, за двата стана вредни 200 илјади евра не стои основ на стекнување. Во анкетниот лист не може да се види дека таа го продала помалиот стан како што тврди, иако била должна тоа да го пријави, ниту пак дека двата нови стана се стекнати со кредит.
 
Исто така, иако како приход Јанкулоска пријавува само плата, во графата висина на платата, нема податок колку таа изнесува. Ова е случај со анкетни листови и на други високи функционери, па би било добро Антикорупциската комисија да објасни зошто прифаќа нецелосни анкетни листови. Но, случајот станови на Јанкулоска се претвори во вистински СКАНДАЛ. Министерката згазна во жив песок, посебно откако таа самата објави документи за нејзината имотна состојба.
Според документите ги покажа Јанкулоска, за становите вредни 200 илјади евра, подигнала кредит од Шпаркасе банка во вредност од 90 илјади евра. Кредитот го подигнала на 05 јануари 2012 година.
 
Денес, после две години оттогаш, од кредитот, за отплата Ви се останати уште само 15 илјади евра.
линк(кредит)-http://www.sdsm.org.mk/…/documents/Dogovor%20za%20kredit.pdf
За година и 9 месеци сте вратиле 75 илјади евра?! Со две административни плати?!
Во Вашиот Анкетен лист објавен на официјалната страница на Антикорупциската комисија, под ставката долгови, пишува: Кредит од 14.747 евра. 
линк-http://www.sdsm.org.mk/…/Anketen%20list%20objaven%20na%20st…
линк(анкетен лист од 2006)- http://www.sdsm.org.mk/…/Anketen%20list%20Jankulovska-2006.…
линк(нотарски акт-договор за купопродажба)- http://www.sdsm.org.mk/…/Dogovor%20za%20prodazba%20na%20sta…
 
Официјално објавеното од Државната комисија за спречување на корупцијата.
 
Ова е имотниот лист на граѓанинот Јанкулоска. Во него јасно се гледа, дека на нејзино име во Катастарот се заведени 156 м2 стан и 26 м2 гаража. Ова пак, е анкетниот лист на Гордана Јанкулоска – министер за внатрешни работи. Тука се заведени само 114 м2.
И сега каде е разликата?
Ова е решението на Општина Центар со кое се одобрува легализација на дивоизграден кров на зградата во која живее Јанкулоска. Од него се гледа дека на станот број 59 во кој живее Јанкулоска одобрена е легализација на 65 м2 поткровје.
линк(решение од Општина Центар-2013 година)- http://sdsm.org.mk/upload/Resenie%20Opstina%20Centar.pdf
 
Дали тоа значи дека станот на Јанкулоска, бил купен со дивоградба од 65 м2? Тие 65 м2 се легализирани, со ова решение, во мандатот на екс градоначалникот Тодоровиќ, внимавајте, само 9 дена пред локалните избори. Може да претпоставиме по која цена? По евро за метар квадратен?! Односно 65 метри квадратни за 65 евра?!
 
Барањето за легализација на кровот е поднесено во 2011 години, што значи дека министерката во моментот на купување на својот стан, знаела или требало да знае дека купува стан со дивоградба. А, еве кога е легализирана дивоградбата. 14 март 2013 година. Само 9 дена пред изборите годинава.
Значи, се излезе на виделина. Стана јасно зошто Јанкуловска прави „папазјанија„ со различни документи и квадрати.
 
Затоа ли донесоа жители на Пустец и ги направија граѓани на скопски Центар? За да ги скријат вашите тајни за легализирани дивоградби за 65 евра?! За да ги скријат непријавените станови?
 
Достапните документи покажуваат дека министерката за внатрешни работи од стан од 76 м2, за 5 години го зголемува својот семеен станбен имот во најмалку 270 м2. Од тоа што е познато. Или од 50 илјади евра на над 350 илјади евра!
Дали за експресното богатење на првата полицајка Јанкулоска, знаел Никола Груевски?
ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО!!!
 
Извор Centarnews

Leave a Reply

Your email address will not be published.