Донирајте преку интернет за загрозените од поплавите во Србија и Босна!

Центарот за институционален развој-ЦИРа ги информира граѓаните дека преку интернет платформата www.doniraj.mk се одвива хуманитарна акција за прибирање на средства за загрозените од поплавите во Србија и Босна и ги повикува граѓаните да донираат и да помогнат преку нивна парична донација. Воедно од ЦИРа, информираат дека по ден и половина од почетокот на хуманитарната акција, собрани се околу 2030 евра (124.992 мкд) од 260 донации преку кредитни картички на doniraj.mk.

„Со 260 донации преку кредитни картички, собрани се 124.992 мкд за 2 дена од почетокот на хуманитарната акција на http://www.doniraj.org.mk за поддршка на погодените подрачја од катасрофалните поплави во Србија и Босна. Најголема донација е 10.000 мкд, најмалите донации се од 100 мкд. Важно е што повеќе граѓани да направат донации преку оваа страница, бидејќи сите донирани средства ќе бидат наменети за крaјната цел (на пр. при донации преку СМС порака или вртење на мобилен телефон, се пресметуваат дополнителни 18% ДДВ) и најитно ќе бидат пратени на партнерските организации од Србија и Босна кои превземаат активности за помош на загрозените подрачја.“  изјави Зоран Стојковски, Извршен директор во ЦИРа.

Донирањето со кредитна картичка преку http://www.doniraj.org.mk е многу едноставно, потполно сигурно и безбедно, и се реализира преку едниствениот овластен систем за трансакции со картички во Република Македонија, CaSys International. 

Преку оваа специјализирана платформа за електронско донирање можат да донираат граѓани од целиот свет, при што ЦИРа вложува силни напори во дистрибуција на повикот за помош помеѓу сите свои регионални и светски контакти и мрежи. Во оваа насока, ве замолуваме и за Ваш допринес со медиумско проследување на оваа информација и, доколку сте во можност, поставување на банерот достапен во прилог на ова соопштение на Вашата веб страна кој ќе води директно до страницата за донации-> http://donate.org.mk/index.php/mk/donate-mk/campaigns/137-2014-05-17-06-15-31

Првиот македонски портал за електронски донации www.doniraj.mk беше пуштен во употреба на 2-ри декември 2013 со цел одбележување на светскиот ден на донирање #GivingTuesday.
Донирај.мк е иницијатива која има за цел да придонеcе во развивањето на инфраструктура за поддршката на донирањето и на инцијативи за решавање на локални прашања и потреби во Р. Македонија. Oвој портал им стои на располагање на граѓанските организации и непрофитни институции во Р. Македонија за презентација на нивните активности и за реализација на акции за прибирање на средства од граѓаните преку искористување на можноста за сигурен начин на донирање преку банкарска картичка од земјата и од странство. Исто така преку донирај.мк бизнис секторот и други заинтересирани субјекти можат да се информираат за приоритетите и потребите за поддршка преку донирање во Република Македонија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.