Донација на кавадаречкиот бизнис сектор

И покрај екстремно високите парични казни кои изминатиот период стигнаа на адреса на кавадаречките стопанственици, сепак тоа не ги демотивира и спречи да и оваа година ја организираат својата традиционална новогодишна донаторска забава во Кавадарци.Минатата сабота, Ротари Клубот од Кавадарци организира новогодишен собир од солидарен и хуманитарен карактер како помош во заедницата и општеството.На забавата беа присутни и гости од други општини од Република Македонија.

Преку 50 000 евра досега има донирано Ротари Клубот од Кавадарци во изминатиот период.Средствата беа донирани во повеќе институции во општина Кавадарци.

Општа болница Кавадарци, Центарот за лица со посебни потреби, специјалната паралелка во основното училиште „Страшо Пинџур“ како и противпожарната станица во Кавадарции се едни од неколкуте институции каде што има донирано Ротари Клубот.

Оваа година, кавадаречката бизнис заедница ќе ги поддржи талентираните ученици од основните и средните училишта во Кавадарци.Станува збор за 108 талентирани ученици.

Leave a Reply

Your email address will not be published.