Домашните фирми на “стаклени нозе”

 Нема поплаки, иако постојат неофицијални сведоштва дека повратот на ДДВ повторно доцни по неколку месеци. Од друга страна, сликата за состојбата во стопанството скицирана преку податоците на Државниот завод за статиситика и на Народната банка покажува слаба активност, особено на домашните компании, што значи дека и годинава економскиот раст нема да биде на здрави основи, односно поттикнат од производството, туку ќе се темели на јавната потрошувачка

Во првата половина од годинава, податоците на Народната банка покажуваат дека се блокирани вкупно 60.176 сметки на компании или за 2.912 повеќе од истиот период минатата 2012 г., која заврши со рецесија (пад на економијата од -0,3%).

Лани за истиот период биле блокирани 57.264 сметки на фирми, во време кога почна да се акумулира проблемот на неплатен ДДВ и пари за извршени услуги, односно зделки што компаниите ги добиле од Владата. Заклучно со крајот на 2012 г. во земјава се регистрирани 74.424 компании, но компаниите вообичаено имаат повеќе сметки и не се знае вкупниот број. Кога една компанија би имала една сметка, бројот на блокираните сметки би зафаќал 80,8% од корпоративниот сектор.

Извор Јавност

Leave a Reply

Your email address will not be published.