Владиниот долг го надмина годишниот буџет

Според податоците на Министерството за финансии, долгот во однос на првиот квартал од годинава се зголемил за 13,6 милиони евра.
Вкупниот долгот на Владата во јуни изнесува 2 милијарди 717 милиони евра или нешто повеќе од државниот буџет за годинава кој беше проектиран на две милијарди и 690 милиони евра.
Надворешниот долг на централната влада изнесува 1,66 милијарди евра, додека дома владата должи 1,05 милијарди евра.
Во овој период по основ на издадени државни хартии од вредност Владата должи 944 милиони евра, за разлика од 905 милиони евра на крајот од првиот квартал.
Извор Плусинфо

Leave a Reply

Your email address will not be published.