Документите за Тамара имале назнака „ИТНО“ а сепак не се интервенирало!!!

Во конзилијарното мислење за Тамара Димовска , имало назнака „итност“ на документите од Клиниката за ортопедија, спротивно на тврдењето од Фондот за здравство, од каде пред три дена рекоа дека случајот не бил третиран како итен, покажуваат документите од Хелсиншкиот комитет.

dokument tamara

Во документите, се гледа предлогот на лекарите од Ортопедија девојчето да се упати на лекување во странство, поради неможност за таква интервенција во земјава.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права велат ова е уште еден доказ дека институциите сакаат да избегнат одговорност, за смртта на девет годишната Тамара.

Од Фондот за здравство нема став, зошто уверуваа дека лекарите од Клиника не го оцениле случајот како итен. Оттаму, но и од Министерството за здравство тврдеа дека направиле се што можат за случајот со малата Тамара.

Од Хелсиншкиот комитет не отстапуваат од намерата да поднесат кривични пријави против директорите и членовите на Управниот одбор на Фондот за здравство, за несовесно работење во службата, а доколку се согласи семејството на Тамара, ќе бараат кривично да се гони и министерот за здравство.

9-годишната Тамара од Велес почина во понеделникот, чекајќи институциите да завршат со административните процедури за да замине на операција во Турција.

Извор 24ВЕСТИ

Leave a Reply

Your email address will not be published.