Доку Умаров: денеска повика на напади против Зимските олимписки игри

Руските власти „сакаат да организираат Олимписки игри врз коските на многубројни муслимани, погребани под нашите земји крај Црно море. Ние треба да го спречиме тоа со сите средства“, кажува Умаров во видеозапис, објавен денеска на сајтот kavkazcenter.com, близок до исламистите.
Исламистичкиот лидер објави дека наредбата да не се напаѓаат руски цели надвор од Северен Кавказ е повлечена.
Сочи се наоѓа на брегот на Црно море, во близина на Северен Кавказ. Автентичноста на записот засега не може да се потврди, и покрај тоа што видеоматеријалите со Умаров често пати се објавуваат на овој сајт.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.