Доктрина (афоризми)
-Тие имаа Труманова и Синатрова доктрина.Нашата, статус (ва) кво е !
-Јавноста е повеќе заинтересирана за информации од приватен, отколку од јавен карактер. Јавноста нема карактер и е приватно-никаква.
-Владата води економска политика на немешање.За некои таа е ЛЕЗЕТ ФЕР.
-Во мрак не се тоне, во мрак се гледа.
-НАТО е наш,одиме на Брисел !
-Во време на СДСМ немавме вакво БИОМЕТЕО !
-Грците ја имаат радикалната Сириза, ние радикалниот СВОЗ.
-Кабает ли е Кабаева?
-Стевче бара СДСМ да застане зад неговиот претседателски кандидат.Ред е Милетиќ да застане пред кандидатот.
-Во Македонија тешко ќе оде со “нејборхуд” соседство.Кај нас уште во најголем дел важи правилото : “Комшија кој ќе ти се падне или на кого ќе паднеш.”
-2 табли јајца за 24 часа и го кренав притисокот.Каков бре рецепт за љубовна недела ?!
-Александар Македонски не е значајна личност за Република Македонија.Тој е само онака пригодно прикован на плосхтадот во Скопје .
-Нема општествени станови, ќе си земате на приФатно !
-Некои домашни инвестотори сакаат да се изедначат во условите за инвестирање со странските.Кои, оние со надграден општествен капитал?!
-Мислам, мислам и си купив 3-4 стана во Скопје.Толку ми сече умот.
-Си молчев за барокот на зградата каде имам стан.Мислев да го продадам.
-Стевче од ГРОМ сака уште да го подржат.Нели го лулат сега други ?
-Гјоргје како претседател на држава со ништо не ја задолжи РМ.Ако Ставревски биде новиот ќе ја задолжи сигурно.
-Кавадарци ќе има дури и вишок вода.Може да се бањаме со неа.
-Латас е наша судба.
-Сакаа да му подигнат споменик.Им се заблагодари на честа.
-Проверете се на избирачкиот список.На друг тешко да се најдете !
-Без пари може да бираш само на избори.Може и за пари, ако те изберат.
-Според неофицијални извори, професорот Фрчкоски ќе полагал за овчар.Шансите на Јон да биде прифатен како надежен политичар во Македонија ќе биле така највисоки.
-Дотогаш младиот социјалдемократ ќе останел срамно, непотистичко професорско детиште кое одзема перспективи.
-На бога камења не сме фрлале, да гледаме СЕИР и чукаме во дрво 3 пати.Заслужуваме ли подобар живаго ?
-Со Грција сме во врска.Над неа сме -географски !
-Не знаеме колку сме токму.Не е направен попис.
-Колку сме, толку сме-непопишани сме !
-Претседателскиот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да помине уште еден конкурс.И граѓаните се некоја фирма.
-Единствената пречка да не избереме претседател на држава е ако поставиме услов да има 40 години убав живот во РМ.
-Претседател на држава може да биде и лице кое не е родено во РМ.Доволно е да има 40 години живот надвор и издржал во последните 10 години тука.
-Каков претседател на држава во овој момент и треба на РМ?Отсекогаш-ДОБАР !
-Не му дозволија да се откаже од имунитетот.Ќе им требал за самораспуштање.
-Оваа влада ќе падне, кога ќе падне.
-За Венизелос секогаш треба да се има јајца, колку и да се скапи.
-Комиран сум од здравите состојби.
-На некои им рекле дека пендреците се за луѓе ,па маваат како по стока.
-Го примиле зошто имал многу мускули во мозокот.
-Вчерашната драма не беше уметност.Таа не беше во стих, проза или комбинирано.Беше во пендрек !
-Многумина не можат да ја сфатат поентата на ДЕЛОТО.Идејата е да се остане на власт.
-Да дојдам скришум кај тебе?Страв ми е да ти лајкнам.
-На многу им недостига Менада.Ја немаат во џеб.
-Бидете позитивни, ќе биде мрачно во Нова Македонија.
-Бил молчелив.Тоа му било во традицијата.
-Стевче од Карпош можел да ги утеши и дома со појадок 30-мина осамени срца.
-Престанете да не храбрете во нашите напори. Посветени сме ептен, ќе не деконцентрирате.
-Обложете се на нив, нема да загубите многу.
-Во партиските тела уста не отварал, во кабинетот на лидерот не затворал.
-Кога нема владина информација има новинарска фантазија.
-1/4 од граѓаните во светот не знаеле дека земјата се врти околу САД.
-Воспитувани сме во традиционален дух.Тепај пратеник да те слуша !