Дојката на власта стигна и во селото

Почитувани, ќе пишувам збор-два за тужбата која пристигна на адреса на здружението на граѓани ПРОЕКТ-ЕУ од Кавадарци, тужба која пристигна директно од од “највисоката” институција во општина Кавадарци, институција која без срам и грам резил го носи името Општинска зграда. Преку денешниот став сакам да го изразам моето огромно незадоволство и разочарување на работењето на дел од институциите на режимот во Кавадарци, институции кои не верувам дека имаат храброст и доблест да направат една ваква глупост без претходна консултација со другата страна. Од таа причина повеќе верувам дека наредбата е пристигната директно од фирерот. Без пардон за никој и никого.

Човек да можеше да сере пари, па немаше да пристаса да искења доволно за да ги задоволи апетитските гомна на оваа таканаречена власт. Ало бре, идете у печатница, непрокопсани едни.

На куроглави режими како што е овој нашиот, овде и сега, не му преостанува друг начин на полнење на своите лични буџети освен на подмолен и брутален варварски начин да го собира својот арач од обичните граѓани, во овој случај невладиниот сектор. Кој курац пичкин дим е тој режим кој не може да издржи 3-4 аперкати и 2-3 леви крошеа во пишана форма од едно локално и минијатурно веб порталче кое работи и функционира за и само за гласот, интересите и слободите на граѓаните од една општина. Наместо да ги шиканираат невладините и независни медиуми товарајќи ги со екстремно високи и од немајкаде измислени парични казни и од десетици илјади евра, нека се позанимаваат малку околу стандардот на работникот во ова општество, мобингот кој работникот го трпе, социјалната неправда и кршењето на работничките права, исселувањето на младата популација, 100 000 македонци со бугарски пасош, Ивона, Бате Сале, Шит-тел, наместетните тендери и ред други гнасни зачини подготвени во фамилијарната кујна кои пак граѓаните на републичево редовно без пардон со рамена нагоре редовно ги консумираат. Како терапија на сто метри со пречки.

Вистинското лице на оваа сатанска власт е добро познато на сите нам, посебно на оние кои со полу наведнати веѓи будно следат однадвор. Долгата цицка на Грујо стигна и до малите провинциски селца кои имаат желба да пораснат во нешто друго, ама некако не им оди од рака. Таа цицка успева да ги нас’ска локалните кремчиња-клошари да почнат да го замиваат со ладна вода газот на нивниот севишен. Од таа причина не се ништо повеќе од еден обичен испрдок потиснат од дебелото залоено црево. Велат, бог им се jавил. Така требало да биде. И овие, килави како секогаш, исфрустрирани како никогаш, јадени а ненаситни се впуштаат директно во пресметка со сите оние кои имаат мислење различно од нивното. Уствари тие немаат ни свое мислење. Зa да имаш свое мислење треба и да имаш нешто во црпката. А во нивните, саде црви и лушпи од ореви. Директ наредба, стискај ON и терај брате. Каде сите таму и Асан. Ако треба и главечки од мост се фрламе. Ако треба и со гол газ во крставици се маваме. Ебати тоа простотилокот на трета.

Една работа не ми е јасна. Како може на цела една институција да и биде нарушен угледот од четири текстови базирани со факти и докази кои се произлезени токму од таа институција? Што ако еден ден 40 000 жители на Кавадарци се пожалат дека некоја од надлежните институции го руши угледот на целата општина во целина? Па за овие 8 години рушивте углед бре на цела една држава и нација и за тоа никој ниту помислил да сноси било каква одговорност пред некого.

Неизбежен е фактот дека после вчерашното фијаско и поднесување на тужба од страна на општина Кавадарци против здружението на граѓани ПРОЕКТ-ЕУ се наиде на измешани чувства кај јавноста. Добро е што едните преовладуваа. Преовладуваа оние граѓани кои имаат чувство на солидарност, хуманост, разбирање, поддршка, стискање палци и со пораки да ни под разно се откажуваме во борбата која ни претстои. А за борба, од мое име и од името на моите компањоли ви ветувам дека ќе има борба каква што немате видено на тиквешките простори.

Кај другата, така да ја наречам категорија на граѓани владее чувството на лицемерие, хушкање, тие се “чаршијари”, полтронии, или што би рекол еден драг пријател обични фиќфириќи кај кои преовладува чувството на презирност, триење на раце, гледање на сеир. Буквалнно со празнина во очите гледаат на целата ситуација. Празнина каква се исполнети и нивните празни души и глави на телетабиси. Едвај чекаат да некому се случи власт, за да можат со раат да го исерат она кое со години го голтаат а некој друг им го џвака. И се така во круг.

На почитуваните читатели и поддржувачи на веб порталот Мојот Град сакам да им појаснам две многу важни работи. Едната од нив е дека здружението на граѓани ПРОЕКТ-ЕУ цврсто стои на ставот и внатредоговореното кога се формираше здружението дека 100% од своите енергии и ресурси ќе бидат потрошени во корист на сите граѓани на општина Кавадарци без разлика на нивната партиска, верска или национална определба.

Другата работа која исто така е многу важно да се напомене е дека редакцијата на порталот Мојот Град цврсто и одговорно стои позади секоја вест објавена во било која категорија на порталот. Секоја од нив се темели на соодветна документација и докази. Посебно оние од локален карактер. Како мал но сериозен медиум, спремни сме да ја тераме оваа неправда до крај, за атер на вистината и демократијата. Без разлика од крајниот епилог Мојот Град продолжува со разобличување и анализа на трошењето на парите од буџетот на општина Кавадарци , сето тоа во корист на граѓаните.
За крај сакам да изразам голема благодарност за поддршката која пристигна изминатите 24 часа од граѓаните и од дел од невладиниот сектор од општина Кавадарци. Посебна благодарност до бизнис заедницата која преку пораки во инбокс целосно ја поддржува иницијативата ПРОЕКТ-ЕУ и Мојот Град, и стојат на располагање на изразување помош и солидарност во било каква форма.

Шоуто, мора да продолжи.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.