Доизградба на колекторскиот систем – приоритет на ЛС Кавадарци

Градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, најавува доизградба на колекторскиот систем кој од поодамна се развлекува. Паралелно со доизградбата ќе се земе во предвид и барањето на жителите од селото Марена да наместо во Глишиќ колекторскиот систем да го вклучи и ова село. Продолжувањето на колекторскиот систем би го опфатил и соседното село Сопот.

Овој предлог на жителите ќе се разгледа во иднина и ќе се одлучи дали финансиски е исплатливо колекторскиот систем да продолжи до селото Марена или пак дополнително ќе бидат изградени прочистителни станици за Марена и Сопот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.