До кога децата со аутизам треба да чекаат да се изгради ветениот дневен центар?

Аутизмот е многу променливо нарушување во психолошкиот развој, коешто најпрво се појавува за време на многу раното детство или во малку подоцнежниот период од детството, и продолжува со иста брзина на развивање, без намалување на интензитетот. Аутизмот е комплексна состојба при која пречките типично се појавуваат во првите 3 години од животот. Аутизмот ја нарушува способноста на детето да комуницира со околината и другите луѓе. Спаѓа во така наречени “спектрални нарушувања”, односно различно се манифестира кај различни луѓе. Личностите со аутизам пројавуваат социјални, комуникациски, моторни и сензорни проблеми кои влијаат врз нивното однесување. Ако станува збор за високо функционален аутизам говорот и интелигенцијата можат да бидат неоштетени, кај други пак можат да се јават сериозни ментални проблеми, неможност или проблеми со говорот. Луѓето со аутизам често изгледаат затворено во себе и исклучено. Физичкиот изглед воопшто не се разликува од другите луѓе.Аутизмот се појавува кај 1-2 од 1000 луѓе. Статистиките покажуваат дека во САД на 110 деца едно се раѓа со аутизам, кај машките бебиња пак на 70 едно има аутизам.

Во Македонија не постои официјален регистар на лица со аутизам, но според статистиката на Светската здравствена организација има 12.240 лица. Аутизмот не е емоционална болест туку тоа е тешко развојно нарушување со генетска основа. Поновите истражувања покажуваат дека тој се јавува почесто од Дауновиот синдром, од ракот кај децата или глувоста. Почесто се јавува кај машките, отколку кај женските деца и тоа за четири пати. Од многу голема важност е навременото откривање за да се зголеми успешноста на терапијата. Очигледните симптоми се појавуваат постепено по 6-месечна возраст, веќе можат да се потврдат од 2 до 3-годишна возраст, и имаат тенденција да продолжуваат да се појавуваат во зрелите години, но често во променета форма. Аутизмот не се утврдува со само еден симптом, туку со карактеристичната тројка од симптоми: нарушувања во способноста за социјализација, нарушувања во способноста за комуникација и ограничени интереси и повторливо однесување. Има и други чести симптоми, како необичниот начин на јадење, но тие не се пресудни при дијагностицирањето. Карактеристичните симптоми на аутизмот се појавуваат низ целиот свет, и на тој начин што аутистите не се разликуваат драстично од остатокот од населението, при што исто така нема и некоја остра линија помеѓу поблагите и потешките патолошки случаи на аутизам.


СИМПТОМИ И ЗНАЦИ НА АУТИЗАМ И НЕГОВО ПРЕПОЗНАВАЊЕ
• Не гугаат до една година.
• Не гестикулираат до една година.
• Не кажуваат ниту еден збор до 16 месеци.
• Не кажуваат фрази од 2 збора до 24 месеци.
• Не сакаат да бидат прегрнувани, имаат потешкотии со зближувањето со родителите и другите луѓе. Понекогаш и кон родителите може да се однесуваат како кон непознатите.
• Живеат во свој свет и не се заинтересирани за игра и интеракција.
• Сакаат самотија, не се заинтересирани за околината и другите луѓе.
• Кај децата болни од аутизам може да има изразено поврзување со предмети.
• Бараат шаблони, создаваат свои ритуали и одбиваат промени.
• Имаат тенденција да ги поредуваат предметите по некој ред.
• Можат да повторуваат фрази и зборови наместо да употребуваат нормален јазик.
• Имаат потешкотија при искажувањето на своите потреби, покажуваат со гестикулација наместо со зборови.
• Не можат или тешко можат да воспоставаат контакт со очи.
• Се смеат или плачат и се вознемирени без навидум никаква причина.
• Немаат страв од реална опасност.
• Не реагираат на говор, иако тестовите покажуваат дека нема оштетување на слухот.
• Не реагираат на стандардните методи на поучување.
• Забележливо голема или мала чувствителност на болка.
• Забележливо голема или премала физичка активност.
• Недостаток на спонтана игра.

 

ПРОБЛЕМИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ОВИЕ ДЕЦА:
• Потешкотии во говорот, јазикот и невербалната комуникација – Главен проблем не е дека детето не може да зборува (иако мал дел никогаш не го развиваат говорот), туку дека тие имаат потешкотии во комуницирањето.
• Потешкотии во социјалната интеракција – Луѓето (посебно децата) со аутизам често имаат потешкотии во започнувањето и одржувањето врски .Често се случува децата со аутизам добро да се поврзат со нивните родители и оние кои водат грижа за нив, но не и со останатите деца.. Тоа не значи дека детето со аутизам не може да се спријатели, но често не знае како да го направи тоа.
• Потешкотии со фантазијата и внатрешниот говор – Имагинарната игра е многу важен дел од детскиот развој. Децата со аутизам ретко покажуваат имагинарна игра и како резултат на тоа нивниот развој е попречен. Луѓето со аутизам исто така имаат проблеми во разбирањето на чувствата на другите луѓе и во интерпретирањето на лицевиот израз. Има повеќе карактеристики поврзани со начинот на говор кои можат да бидат забележани кај лицата со аутизам, тие вклучуваат: проблеми со јачина на гласот- по некогаш е прегласно, но почесто е тивко; гласот може да звучи механички или монотоно; изговорот на зборовите може да биде пренагласен. Недостатокот на имагинативна игра води кон ограниченост или неразбирање на емоциите на другите луѓе, така да луѓето со аутизам имаат тешкотии во делењето на среќа или тага со другите. 

 

ШТО ГО ПРЕДИЗВИКУВА АУТИЗМОТ ?
Откако истражувачите ги отфрлија емоционалните причини за аутизмот стана јасно дека мора да има биолошка основа во нарушувањето. Има бројни значајни показатели за биолошката причина:
1. Аутизмот често е придружуван со други невролошки симптоми;
2. Аутизмот често е асоциран со други потешкотии во учењето;
3. Аутизмот често е придружуван со епилепсија;
4. Мајките на луѓето со аутизам често кажуваат за потешкотии во текот на бременоста;
5. Други состојби како што се вирусните инфекции, метаболни состојби и генетски абнормалности се тесно поврзани со аутистичниот спектар на нарушувања.
Зајакнати со оваа теорија истражувачите беа соочени со можноста да се обидат да ја изнајдат причината. Како и да е, стана јасно мошне брзо дека би било неверојатно една единствена биолошка причина да го предизвикува аутизмот. Најпосле има многу лица кои немаат некоја видлива медицинска состојба која би била веројатна за да го предизвика нарушувањето и кои што немаат потешкотии во учењето и не се епилептичари.


НАЧИНИ КАКО ДА СЕ ТРЕТИРА АУТИЗМОТ
Аутизмот може да се третираа со интензивна работа со детето преку бихејвиорален тренинг (активности со кои се корегира однесувањето) и говорна терапија, а воедно е неопходно да се работи со родителите и нивна едукација и припрема за грижа на ова дете. Се покажало дека со овие обуки значително се подобрува однесувањето на децата како и нивните комуникативни и социјални вештини.. За детето со аутизам најдобри се специјализираните едукативни програми кои се добро структурирани и кои ги следат неговите потреби. Понекогаш е потребен и индивидуален пристап каде што ќе се работи со специфичните индивидуални симптоми. 

Детето најголема потреба има од:
Општ лекар– Вашиот матичен лекар може да е првиот кој што ќе ги открие проблемите на вашето дете (здравствените прегледи нормално се изведуваат на 18, 24, 36 и 60 месеци). Тие се информираат преку извештаи од специјалистот кои можат да помогнат на локалните служби (пр. социјална помош, школување, лекови).
Патронажна служба– Тие организираат здравствени прегледи, вакцинации и домашни посети.
Клинички психолог и детски пихолог – Тие се вклучени во развој на програми за проблематично однесување и советување за било која терапевтска интервенција или лекување.
Општ педијатар – Ги посетува локалните училишта за да пружа специјалистички услуги (пр. вакцинација). Некои педијатри во локалните места специјализираат или покажуваат интерес за аутизмот.
Работен терапевт– Работниот терапевт некогаш станува вклучен во развојот на детските моторни вештини. Тие не се фокусираат на физичката страна, (тоа е работа на физиотерапевтите) но се трудат да ги подобрат моторните вештини на детето.
Логопед – Може да работи во образовните служби, но во многу случаи всушност се наоѓа во здравствените служби .Тие можат да помогнат во развивањето на комуникациските способности на детето долго време пред да се појави говорот.
Музички терапевт – За жал, музичките терапевти се ретки во локалните места. Како и да е било покажано во повеќе истражувачки проекти дека децата со аутистично спектрално нарушување позитивно реагираат на музика.
Наставник – Градинката, основното, средното училиште и ако е потребно дополнителен наставник имаат големо влијание на развојот на детето со аутизам. Бидејќи родителите го знаат своето дете најдобро битно е да тие целосно учествуваат со нивните идеи во едукацијата.
Училишен психолог – Ова значи организирање терапија (говорна, музичка или работна) и правилно школување. Училишните психолози се вклучени во организирањето на детската “листа на потреби”.
Патронажен дефектолог – Како и училишниот психолог, патронажниот дефектолог помага во организирање на помошни средства за детето посебно во предучилишна возраст, подготвувајќи го за основно училиште.
Социјален работник – Социјалниот работник не е назначен да се увери дека вие правилно се грижите за вашето детеСоцијалниот работник може да биде од помош во подржувањето на вашите потреби за социјална помош, школување и други услуги.

ПРАШАЊЕТО Е:
КОЛКУ ВО НАШАТА ДРЖАВА Е НАСОЧЕНО ВНИМАНИЕТО КОН ОВИЕ ДЕЦА, ИЛИ НА НИВ СЕ СЕЌАВАМЕ САМО НА 2 АПРИЛ-СВЕТСКИ ДЕН НА АУТИЗМОТ?

НА ИСТИОТ ТОЈ ДЕН, СЕ СТОИ ГОРДО ПРЕД ОВИЕ ДЕЦА И ИМ СЕ НУДАТ ЛАЖНИ ВЕТУВАЊА…ЗАРЕМ НАЈЧИСТИТЕ И НАЈНЕВИНИТЕ ГО ЗАСЛУЖУВААТ ОВА? ЗА ВЕРБАТА И НАДЕЖТА НИЕ СМЕ ТИЕ ШТО ТРЕБА ДА УЧИМЕ ОД НИВ!


ОВОЈ ЛИНК Е МАЛА РЕТРОСПЕКТИВА ЗА ПРАЗНИТЕ ВЕТУВАЊА КОН ОВИЕ ДЕЦА КОИ ТРААТ ПОВЕЌЕ ГОДИНИ…

Со новиот центар ќе се подигне квалитетот на животот на овие деца кои ќе имаат организиран превоз и целодневен престој активности како што се групен и индивидуален третман и рехабилитација.
“Центарот е потврда на нашите напори што ги вложуваме за овие деца да се интегрираат во општеството и да не останат на неговите маргини” изјави на прес- конференцијата министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.