До балчак и понатаму

После изјавата на мадам Меркел, master signifier на ДПМНЕ-вциве дека во ЕУ им било тешко околу спорот на Македонија и Грција и дека проблемот со името и ИДЕНТИТЕТОТ на Македонците треба да биде решен со компромис кој значел: двете страни ДА БИЛЕ ЕДНАКВО НЕСРЕЌНИ со решението , но тоа да било сепак правично ДПМНЕ западна во коматозна тишина, тишина која одредува, која вреска!

 

Врховништвото на дпмневските-маусдонци е во крајно непријатна положба, притеснето од две страни. На маса на идните преговори во кои решенијата „биле веќе исцрпени“ (според М. Меркел) се: името на државата и идентитетот на нацијата!
ЦВРЦ , сега се е на маса!
Секако, владините експертутки, ќе вреснат дека така отсекогаш било и дека за Грците идентитетот е поважен од името на државата, но не е така!

НЕ, НЕ, драги мои!

 

Ќе ве потсетам на бројните изјави на американските дипломати и политичари дека не е идентитетот тој за кој се преговара (Рикер и др.), дека се чудат што ние самите тоа прашање го отвараме и сл.
Во историја на „преговорите“ со Грција за името никогаш прашањето на нашиот идентитет не се поставило како такво, како денес го поставува ДПМНЕ (наводно интерпретирајќи ги грчките позиции и сл) . Таа приказна, драги мои, со ДПМНЕ завршува вака како завршува: сè во врска со идентитетот на Македонците по дефиниција треба да се стави на маса и на маса е ставено! Прво, од словенски кон антички, сега од антички кон НИШТОТО како ЗЕН будистичка категорија (или решение од кое ќе бидеме еднакво несреќни како Грците, јебига).

 

Од друга страна се кохортите идентитетски слепци („идентитетска десница“ како од мило еднаш ги нареков) кои се сега шокирани од своите политички спонзори и нивните скандалозни ставови. Тие сметаат (со право) дека идентитетот на Македонскиот народ е дефиниран и за него не треба, не може и никој нема мандат да преговара (независно што под идентитет подразбираа). Кога им споменав на некои трибини, дека тие немаат проблем со нас – либералите, социјалдемократите, независните интелектуалци , за и околу името, туку ќе имаат со својот „лидершип“, кога ќе им го скрои рамковното решение и за името и за идентитетот – тие џавкаа и џавкаа.
Сега се „пушат“, благо евапоираат.
Сметаат дека некој таму направил лапсус. Не драги мои слепци – ВИЕ сте еден голем македонски лапсус чии хирови само идиотски режим може да дозволи да излезат на површина како експертски ставови!Но, целата оваа кохорта е небитна за дискусија и ќе ја игнорираме.

 

Она што е битно, меѓутоа, е новата ситуација пред која Македонија е поставена!

 

Ако формално се преговара за име и идентитет, со цел постигнување на задничко-подеднакво-несреќно решение – тоа е Сцила и Харибда за ДПМНЕ и нема да може да го протне македонскиот брод без потопување! Тоа е ТОЧКА НА ТОПЕЊЕ! Тоа е точката на која тие како расплакани деца ќе бараат национално единство –да ја покрие нивната партиска неспособна политика на меѓународен план! Никаква спинова пропаганда тука веќе нема да може да им помогне, сите медиуми да ги впрегнат и напрегнат! Тоа е точката, ако сме малку малициозни, на која Грујчо ќе му дојде на коленце на Зајчо! Да видиме сега дали коленцето на Зајчо ке издржи!

 

Проблемот кој ДПМНЕ како идентитетски слепци не го разбираат до ден денеска – е дека идентитетот за да биде ТВОЈ мора да биде признаен од другите како таков. Тој е релационен поим, зависи од признавањето на другите (барем на поголемиот број на другите држави). Само тогаш си успеал да го избориш како „свој“ идентитет. Тоа не е поим кој се самоконституира, туку се конституира во однос на другите идентитети со постојано диференцирање, разликување (афирмирање и разликување). За да таква операција на „освојување на својот идентитет“ на меѓународен план успее треба твојата политика да избори победа во тој процес на афирмација на твојот идентитет. Ако не успееш: ќе те јаде Баба Меца!

 

ДПМНЕ не успеа во таа политика и нè доведе каде нè доведе: да преговараме и за идентитетот на народот. За време на ДПМНЕ прв пат во нашата понова историја нашиот идентитет се доведува во прашање и за него ЌЕ СЕ ПРЕГОВАРА!? Тоа е историски скандал за Македонците! Извинувања и оправдувања не можат да се земат предвид при водење национална политика: или успеваш или се повлекуваш (на време ако си паметен и одговорен)! На власт која нè доведе до овој амбис, да преговараме за идентитетот – не може да и се верува да го води овој процес понатаму! За операција од ваков маштап – неопходна е влада на национално единство, на голема коалиција, техничка или пиротехничка сè едно – нов политички субјект мора да го води тој процес на преговори кои се воедно „одење по раб на амбис“ за нас!

 

Нема право ДПМНЕ да бара поддршка за таква операција од било кого, од било која опозиција. Тој направи што можеше и нè доведе до кај нè доведе. Независно сега дали го направил тоа намерно, од желба-код за поделба кај Македонците, негација на посебен македонски идентитет и непријатност од постоење на независна македонска држава, или само од политичка неспособност (која требала да покрие и купи време за кражби, корупција и внатрешен бажибозук) – независно од причината – нашиот брод, независна Македонија е пред обезличување кое бара сојуз на националните сили за спас.

Leave a Reply

Your email address will not be published.