Дмитри Итсков: во иднина ќе бидеме бесмртни

Иако денес се чини дека бесмртноста е невозможна, поради брзиот развој на технологијата таа станува се пореална, рекол познатиот футуролог Реј Курзвел. Зборувајќи за должината на животот која може да ја очекуваме во иднина, рекол дека пред 1000 години очекуваното траење на животот изнесувало дваесет години, но само за 200 години тоа се дуплирало па може да очекуваме дека за десет или дваесет години и понатмаму ќе се зголемува, благодарение на развојот на науката.

Имено, бидејќи програмрите постојано го подобруваат и менуваат софтверот поради исправување на грешките, научниците би требало да ги репрограмираат клетките за да ги излечат болестите и на тој начин да го продолжат животниот век, на пример со развојот на 3D биопринтерот може да се принтаат ткива кои подоцна може да се вметнат во телото. Курзвел рекол дека постојат терапии за лечење на болести како ракот кои се базирани на идеата за “репрограмирање на софтверот” и додал дека денешните технологии се 1000 пати појаки во однос на оние пред 10 години и дека ќе бидат милион пати подобри за дваесет години.

Развојот на технологијата на крајот ќе доведе до т.н. сингуларност па компјутерите ќе станат поинтелигентни од луѓето, а ќе дојде и време кога луѓето ќе можат своите карактеристики, разум и мисли да ги прикачуваат на компјутерите поради што ќе станат дигитално бесмртни.

Исто така, Курзвел верува дека благодарение на развојот на биотехнологијата, нашите тела во иднина ќе се состојат и од механички делови кои ќе ги заменат биолошките делови кои се ранливи. Со помош на нанотехнологијата ќе можеме сами да “создаваме” тела па во иднина би можеле да имаме небиолошки и виртуелни тела кои ќе бидат детални и уверливи како и вистинските тела со кои би живееле во виртуелната реалност. 

Неговата теорија ја прифатил рускиот богаташ Дмитри Итсков кој го организирал проектот 2045 чија цел е да се истражуваат начините за постигнување бесмртност, односно збогатување на нашата свест и лчичност за “небиолошките тела”. Тој сака да ја одвои личноста и свеста од биолошкото тело на кое му се потребни храна и лекови и сака да постигне “повисоко ниво на духовност” поради што секојдневно медитира припремајќи се за бесмртноста.

“Лекарите може да прогласат смрт на физичкото тело, но никој не одредил како да се процени смртта на свеста” рекол Итсков нагласувајќи дека еден ден биологијата ќе стане небитна – нашиот ум и свест ќе бидат скалдирани на компјутер или некаде online, а луѓето ќе можат да го менуваат телото како што сакаат.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.