Дизајнирање вагина – нов светски тренд

Лабиопластиката е естетска хируршка корекција на големите и малите усни на вагината со цел да се корегира изгледот.

За последните 12 месеци оваа интервенција во Англија е порасната за 109 проценти и се мисли дека тоа е поради влијанието на медиумите за зголемување на свеста за сопствениот изглед.

Дилемата сепак останува за што служи оваа операција? Дали “дизајнирана вагина“ е нова алатка на женската моќ или жените станале плен на некоја нова култура.

Мислењето на еден врвен хирург кој е сопственик на таква клиника е дека некои жени тоа го прават поради функционални проблеми, а некои чисто за да си ја зголемат самодовербата. Тоа е исто како со зголемувањето или намалувањето на градите кај жената.

Но сепак секоја операција носи ризик и жените би требало да бидат запознаени со тоа. Секако, и цената не е баш за занемарување, а таа во зависност од клиниките се движи од 1.500 до 4.000 евра.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.