Чистење на дивите депонии во Крњево

Пет години децата одеа низ депонијата до училиштето Лирија и никој ништо не преземаше. Од денеска, она што им го вети Жерновски на жителите почна и да се реализира, Општина Центар почна со нејзино расчистување.

Ова е уште еден чекор кон подобрување на условите за живот во општината со нагласување на нашите понатамошни заложби кон создавање на поздрава и почиста животна средина. Старата облека, искршениот намештај, храна, пластика, шприцеви се подигаат и носат со 30-тонски и со еден помал камион на легална депонија. Општина Центар ќе го расчисти просторот од околу 30 илјади метри квадратни.

Извор А1ОН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.