Дислокација на ромската дива населба во Кавадарци

На последната седница на совеот на општина Кавадарци беше донесена едногласна одлука жителите од дивата ромска населба која се наоѓа под зградитет Белка да бидат дислоцирани на друга локација во специјални контејнери за домување.

Оваа одлука на советот е производ на многубројните поплаки од граѓаните кои живеат во овој дел од градот и постојано се на мета на кражби од жители од ромска националност. Локалното население се жали дека секојдневно биле изложени на кражби од дворовите, од нивните деца биле одземени пари, телефони…Исто така имало често напади врз малолетната популација односно децата кои ја користат оваа делница за одење во едно од многуте образовни установи.

Од буџетот на општина Кавадарци ќе бидат одвоени 1.5 милиони денари за осум ромски семејства кои се водат со место на живеење во општина Кавадрци. Останатите жители од оваа дива населба кои се дојдени од други градови, истите ќе бидат вратени од каде што се дојдени.

 

Фото Утрински

Leave a Reply

Your email address will not be published.