(ВИДЕО) Директори од Кавадарци влечени за уши да се појават на прес на ДПМНЕ!

Директори без кичма го осквернавија кавадаречкото образование

Невиден срам за кавадаречките образовни институции, бруки од светски размери, кога неколкумина директори од основните и средните училишта од Кавадарци излегоа на заеднички прес завиени со знамето на терористичката организација ДПМНЕ од Кавадарци. Штитејќи ги своите удобни партиско-директорски фотељи, своите високи (не)заслужени плати кои ги земаат од џебот на своите сограѓани, го погазија целиот образовен систем во Кавадарци и Република Македонија.

Ваков преседан не памети општина Кавдарци кога раководни лица на образовни институции го мешаат личниот партиски интерес на штета на целото образование, каде со еден крајно гнасен чин ја погазуваат честа и достоинството на родителите а најмногу на учениците. Ова е страшна работа, која бара одговорност, а надлежните институции после 11 декември да засукаат ракави и ваквите грешници да ги однесе пред лицето на правдата. Ова е дно на дното. Ова не смее да се заборави. За ова мора да се одговара. Ова е најдиректен линч кон државните институции, кон граѓаните, родителите и децата. Како и за вработените во образованието кои ваквите бескичмењаци не ги одобруваат и ги заобиколуваат.

Внатре партиската зајадливост во кавадаречкото ДПМНЕ е повеќе од видлива. Нервози, преписки, раскол, фракции од сите страни. Медиуми пренесуваат дека и размената на боксови им е ставена на дневното мени. После ова фијаско на дел од просветните злосторници во Кавадарци, исходот од резултатите од недела е повеќе од очигледен.

Лозарите, стечајците, работниците, земјоделците, спортистите знаат да препознаат. За денот на изборите, се очекува масовна излезеност во Кавадарци. Чашата е прелиена. Неопределените се определени. Незаинтересираните се заинтересирани. Разочараните и угнетените ќе си го наплатат цехот. Митот за терористичкото ДПМНЕ е паднат. Останаа уште формалноста и нормално…кривичната одговорност.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.