Диме Велев: “Протестот за Тамара во Велес е само одложен, но не откажан”

Поради големиот медиумски притисок и обвинувањата кон семејството и кон мајката на Тамара, организаторите го откажаа протестот за Тамара кој беше закажан во Велес.

Ова е во контекст на соопштението кое е објавено на социјалната мрежа „Фејсбук“, каде се вели дека “одложувањето на протестот е резултат на монструмските напади од разно-разни владини (не)луѓе. После текстовите кои ги читаме сите, а се преполни со обвинување кон мајката на Тамара, кон нејзините родители, протест нема да има“.

dime velevДиме Велев, граѓански активист, вели дека протестот е само одложен, но не откажан.

Би требало да организираме протест овој или наредениот викенд – изјави кратко и јасно Велев.

На досегашните протести за Тамара се бараше оставка од сите функционери што имале некаква поврзаност со случајот.

Во меѓувреме, за случајот на Тамара пишуваа и странските медиуми.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.