Диктатура од која ќе се срамиме!

Мака ми е поради ова диктатура, но уште помака ми е кога ќе помислам дека и диктатурата ни е, всушност, карикатура, што само духот на нашата усраност можеше да ја испроектира во диктатура!
Еве, сега, почнуваме да и се смееме, но многу бргу ќе престанеме, зашто ќе сфатиме дека тоа што до вчера го сметавме за диктатура, всушност, беше само еден државен испит на кој историјата успеа да не фати како ситни шверцери!
Нацијата ќе ги моли светските пророчици да го избришат Груевски од националното паметење поради неиздржливиот срам дека човекот воопшто бил! И тој и неговиот антураж за кој нема да бидеме сугурни дали ни (за)удара на тага или на мака, но на страв или на смеа, сигурно, нема да не провоцира!
Нема да сакаме в затвор да ги чуваме, зашто ќе треба да го чуваме сведоштвото на времето кога сме биле самоослободени од секакво достоинство! Од своите ќелии во Идризово, тие би не држале затворени во сопствената брука и несносен блам и срам!
Се плашам дека чувството на срам ќе не тера да гледаме како ова невреме да го затрупаме под секојдневието, но така повторно ќе ја прескокнеме катарзата без која само ќе го продолжиме синџирот на несреќите!

(Текстот е превземен од фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.