Девојчето кое не старее – клуч на биолошката бесмртност?

Малото девојче од Блингс има 8 години и тешка е 5 килограми. Таа, како и уште неколку луѓе на планетата, страдаат од мистериозна состојба која го успорува стареењето.
Последните 2 години, лекрите се обидуваат да го најде генетскиот “прекинувач” кој го успорува процесот на стареење кај луѓето како Габи.
Дваесетгодишен човек од Флорида поседува тело на дете старо 10 години и триесетгодишна жена од Бразил има тело на двегодишно бебе. Заедно со Габи ова се сите тројца кои денес живеат на планетата а не стареат.
“Кај поедини личности се случува нешто што го менува процесот на стареење. Брзината со која нивното тело се развива е успорена и скоро занемарлива” изјавил медицинскиот истражуваќ Ричард Вокер.
Вокер се повлекол од медицинската школа на Универзитетот на Флорида и сега спроведува истражувања во Детската болница во Санкт Петерсбург.
“Мојата целокупна кариера беше фокусирана на процесот на стареење. Моето интересирање не беше за последиците туку за причините”.
Не само што овие личности растат пет пари поспоро во споредба со другите, туку и живеат со низа други медицински прблеми – вклучувајќи проблеми со слухот, неспособност за движење, исхрана па дури и говор. “Габи како воопшто да не се променила. Малку пораснала и веќе не носи бебешка облека туку онаа за најмалите деца од 3 до 6 месеци” изјавила мајката на девојчето Маргарет Вилијамс.
Вокер објаснува дека психолошите промени се клучни за човековиот развој – “без тј процес ние никогаш нема да се развиеме. Кога се развиваме, сите делови од телото се спојуваат заедно и продолжуваат да се менуваат и да се координираат меѓусебно. Во спротивно би настанал хаос”.
Меѓутоа, како што тврди Вокер, телото нема “стоп прекинувач” за овој развој. Стануваме зрели на 20 години и продолжуваме да се менуваме. Првите суптилни интерни знаци на стареење се јавуваат на 30 години а полека стануваат видливи на 40 години.
Кај една од девојчињата што ги проучувал, открил оштетување на еден ген кој предизвикува развојна инерција.
Вокер се сомневал дека до овие мутации доаѓа кај регулаторните гени на вториот женски Х хромозом. “Доколку би успеале да го идентификуваме тој ген би можеле да станеме биолошки бесмртни” вели Вокер.
Меѓутоа, тој не мисли дека тоа ќе доведе до луѓе кои никогаш не умираат. Болестите и несреќите и понатаму ќе однесуваат животи.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.