Десетте најконтраверзни филмови и серии
Споменатото остварување “Оpposite Number”, за британскиот научник кој го киднапираат севернокорејски агенти за да им ја унапреди нуклеарната технологија, властоте на Пјонгјанг го опишале како “злонамерна клевета против Демократската Народна Република Кореа” и се заканиле со “последици”.
Прва на листата на Guardian на најспорни остварувања е драмата “Cathy Come Home” од 1996 година. Овој извонреден филм за бездомниците, кој ја лансирал кариерата на Кен Лоуч, со години бил повод за расправи во општеството за проблемите со сиромаштијата.
Втор е научнофантастичниот филм “The Day After” од 1983 година за неверојатните последици од нуклеарната катастрофа. Тогашниот америкаснки претседател Роналд Реган изјавил дека бил “длабоко депримиран” после проекцијата и дури тврдел дека филмот го променил неговиот став према нуклеарната војна.
На третото место се нашло уште една остварување поврзано со нуклеарната катаклизма, “The War Game”. Премиерно прикажан 1985 година, оваа британска играно – документарна драма е снимена уште во 1965 година но 20 години била забранета, бидејчи се сметало дека е “премногу потресна” за да се емитува.
Четвртото место го има “Ellen” чија главна актерка во една од епизодите, емитувани во текот на 1997 година, открива дека е лезбејка. Тоа предизвикало голема контраверзност кај конзервативната публика која барала укинување на серијата поради хомосексуализмот.
Петта е сатиричната британска серија “Brass Eye” од 2001 година, која се подбива со општествените бојкоти, особено со сензационализмот и создавањето паника. Епизодата за педофилијата особено ја разгневила конзервативната публика која очигледно не разбрала најдобро дека станува збор за пародија која тогаш се водела против оваа општествена аномалија.
Шеста на листата е американската крими серија “24” во која веројатно не постои ниту една техника на мачење која главниот лик Џек бауер не ја употребил за да извлече информации од осомничените. Критикувани дека ја легализираат тортурата, авторите престанале да вметнуваат такви сцени откако политичарите и амаериканската војска се пожалиле дека војниците ги копираат методите на Бауер.
Филмот “Dead of a President” од 2006 година го завзема седмото место. Ова играно – документарно остварување било предмет на најостри критики од САД, каде некои републиканци барале неговото прикажување да се забрани, поради преголемата реалистичност, документарен стил во кој е прикажано убиство на тогашниот претседател Џорџ Буш.
На осмото место е австралиската мини – серија “Underbelly Fat Tony & Co” од 2007 година. Брутална гангстерска драма која зборува за вистински настани кои се случувале во текот на деведесетите во Мелбурн. Нејзиното прикажување било одложено за неколку месеци бидејќи се сметали дека може да го загрози објективното судење на вистинските мафијаши кое било во тек.
Цртаната серија “South Park” се нашла на претпоследното место. Иако многу нејзини епизоди можат да се опишат како контраверзни, сепак ‘најсубверзивна’ е јубилејната 200 во која авторите се подсмеваат на најголемите верски личности. Треј паркер и Мет Стоун после нејзиното емитување добиле закани за смрт од радикалните исламисти, а серијата е забранета во Шри ланка бидејќи Буда е прикажан како уживател на дрога.
Последното место го држи данската серија “Borgen” (Премиерка), поточно две нејзини епизоди, една за производството на шунка и другата за проституцијата. Набрзо по нивното емитувње, данскиот парламент покренал расправа за суровите методи кои се применуваат на фармите за одгледување на свиљи и правата на сексуалните работнички.