Денеска излезе нов број на ФОКУС со детали за сообраќајната несреќа

Кој беше пратеникот што ја обзнани веста за смртта, зошто исчезна мобилниот телефон на Младенов?

Во новиот број Владо Апостолов пишува за нова Мега тужба што и се заканува на Македонија, Мери Јордановска истражуваше за што всушност служат камерите на патарините низ Македонија, Ирена Мулачка дава одговори на прашањата зошто во земјата пациентите се помалку важни од владините кампањи.

Влатко Стојановски ги открива можните наследници на Трајко Вељановски на претседателската фотелја во Собранието. Валентина Стојанчевска го опсервира последниот судски процес на Љубе Бошкоски. Синиша Станковиќ го интервјуираше Тито Петковски, а

Јадранка Костова пишува за модерните среќни робови во македонското општество. Воведникот „За нештата да станат појасни“ овојпат го има Младен Чадиковски.

Фокус носи и многу други нешта, колумни, вести од иднината, редовната ДДВ рубрика,
Лајф стајл, познатиот стрип на Стевац и Јофе.

Откако последниот број што излезе во петокот беше распродаден за само еден ден, овој нов ФОКУС излегува уште побогат со информации и анализи.

Ова е втор број на неделникот ФОКУС по речиси три месечната пауза која следеше по загинувањето на основачот и сопственик, новинарот Никола Младенов. 

Превземено од Нова Тв

Leave a Reply

Your email address will not be published.