Денес во 16 часот македонските кошаркари играат со хрватските кошаркари

Првиот од двата натпревари е закажан за денеска, со почеток во 20 часот, дуел на кој селекторот Пипан ќе го има на располагање и капитенот Перо Антиќ. Како што е добро познато, Антиќ со неколку дена задоцнување се приклучи на подготовките во Словенија поради реализираниот трансфер во НБА-лигата, а неговото вклучување сигурно ќе биде огромен плус за нашата репрезентација.
Последен во репрезентативниот табор се приклучи Лестер Бо Мекејлеб, кој според најавите ќе ги пропушти двете контролни средби со Хрватска, а својот прв меч за „црвено-жолтите“ во овие подготовки ќе го одигра во Скопје, во пресметката со Литванија закажана за 17 август. Од Македонската Кошаркарска Федерација стигна и информацијата дека вториот меч меѓу Македонија и Хрватска, закажан за утре во 16 часот, ќе биде од затворен карактер и ќе има за цел двајцата селектори да испробаат различни тактички варијанти на дваесетина дена до почетокот на Евробаскет 2013.
По враќањето во татковината македонските кошаркари ќе добијат неколку слободни денови, по што со тренинзи ќе продолжат на 11 август.
Превземено од Екипа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.