(ВИДЕО): Демолирањето на ЛГБТ центар

Осудените на затворски и условни казни, покрај другото, ја нападнаа и подружницата на Хелсиншкиот комитет – ЛГБТИ Центар за поддршка, при што причинија материјална штета. Особено ја поздравуваме одлуката на судот да го прифати нашиот предлог (како оштетена странка во постапката) при одмерување на казната како отежнителна околност да се смета фактот што нападот на Центарот е сторен поради неговата основна функција – поддршката на ЛГБТИ популацијата и борбата против дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

За жал, по протестите од 2 март 2013 година ЛГБТИ Центарот за поддршка беше нападнат уште двапати и тоа на 22 јуни 2013 година кога во Центарот беа присутни околу 40 гости на „Неделата на гордоста“ и денес кога во раните утрински часови некој се обидел да го опожари потпалувајќи го покривот. Хелсиншкиот комитет поседува снимки и од овие настани.

Извор mhc.org.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.