Демократијата го изгуби значењето во Македонија

Судејќи според извештаите во последните години, дефиницијата на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ е радикално рзлична; звучи вака: држава каде владата ги контролира сите лостови на моќ, вклучувајќи го судството и избирачкиот процес, не толерира ниту едно малцинство или спротивни погледи, и го користи стравот и заплашувањето за да практикува авторитет над општеството.

Овогодинешниот парламентарен избирачки процес е последниот пример на пристапот на владеачката партија кон демократијата. Според извештајот на OSCE/ODIHR мисијата за набљудување на изборите, иако изборите биле “ефективно администрирани” и изборниот ден “поминал глатко”, извештајот подвлекува дека “периодот на кампања не успеал да ги исполни битните OSCE обврски, вклучително и одвојувањето на дражавата од партијата, за обезбедување на фер трка, неутралност на медиумите, точност на гласачките листи и можноста за исправање на грешките преку ефективен систем за поплаки. ”

Личната оценка на владата за “Скандинавски тип на избори” беше дијаметрално спротивна, и покажува уште еднаш дека владата предводена од ВМРО-ДМПНЕ оперира според свои правила. Всушност, од изборот на сегашниот премиер во 2006 година, забелешките кон државата во спроведување на избори се проблематични, со истите слабости во изборниот процес кои се повторуваат па дури стануваат и полоши во секоја нредна прилика. Независно од извештајот на OSCE/ODIHR за изборите во 2008 година кој вклучуваше еден фатален инцидент и неколку повредени во насилни инциденти, последниот извештај е најлош од сите забележани.

Со сите изминати избори, политичката средина драматично се влошува. Без разлика дали станува збор за областа на политички дијалог помеѓу политичкита партии кој виртуелно е непостоечки, обвинувањата за директно заплашување на државните службеници во држава која има еден од најнадуените цивилни сектори во регионот, продлабочувањето на внатрепните етнички тензии и зголемувањето на климата на нетолеранција во општеството или скоро целосната контрола над медиумите, која гарантира најлош рејтинг за слобода на медиумите на целиот балкански регион, проценките направени од сите меѓународни организации се едногласни во потенцирањето на тежината на оваа ситуација во земјата. 

Зголемениот борј на случаи на, како што се тврди, владиното вмешување во корупција која излезе на виделина се дури и попробчематични за влада која беше избрана пред осум години врз основа на јака анти – корупциска платформа. Тврдењата на владата за носење на зголемен број инвестиции во земјата звучат неискрено кога некои од тие гордо лансирани со голема помпа излегува дека се склучени со бизнис партнери кои се сомнителен, додека стапката на невработеност, особено помеѓу најмладата генерација, останува неприфатливо висока. Трагедијата е во тоа што, освен оние кои се откажаа и си заминаа од државатам мнозинството граѓани не се свесни за овие факти поради контролата на владата врз медиумите.

Ако дијагнозата е јасна, лекот е далеку од јасен. Оние кои пробаа да играт според правилата се предмет на малтретирање и уште полошо, понижување и навреди. Навредливиот напад на владата кој неодамна се лансира против CIVIL, респектирана невладина организација која се бори за почитување на човековите права и поголема толеранција во општеството, е само еден пример помеѓу многу други. Неколкуте преостанати независни новинари кои ги преживеаа заплашувањата и постојаните малтретирања се сведени на објавување на своите написи на интернет порталите.

Опозицијата веќе најави дека не ги признава резултатите од последните избори. Исто така најави и можен бојкот на претстојниот парламентарен состав. Додека бојкотите никогап не може да бидат решение, можеме само да сочуствуваме со оние кои се разочарани што нормалните демократски стандарди се враќаат под сегашниот авторитарен режим.

Но, очајот никогаш не може да води кон напредок. Оние храбри индивидуи кои продолжуваат да се борат за враќање на основните демократски стандарди што се очекува од секоја земја која тежнее кон влез во ЕУ мора да се поддржат. Новата влада мора да се убеди дека духот на компромисот и ефективниот консензус е витален повеќе од кога и да било за доброто и иднината на земјата.

Меѓународната заедница, особено ЕУ, мора јасно да стави на знаење што очекува владата да направи за да ја смени моменталната ситуација. Исто така мора да ја зголеми својата подршка за цивилното општество и независните медиуми, за да осигура подобра поголема одговорност од владата за своите постапки. Само на овој начин демократијата може повторно да го најде своето вистинско значење во Македонија и ќе се појават нови генерации на политички сили.
 

 

Извор: balkaninsight.com

Превод: Попова

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.