Демир Капија со најголем процент на излезеност во вториот избирачки круг заклучно 13 часот!

Во општина Демир Капија жителите расположени за гласање

Од вкупно 3.405 запишани избирачи во избирачкиот список, околу 1.665 лица си го обавиле своето граѓанско право во вториот круг од локалните избори во општина Демир Капија.

Вкупно 48.91% од жителите на Демир Капија заклучно 13 часот излегле на гласање што ја прави општината убедливо водечка од сите општини во република Македонија во кои се гласа и во вториот круг.

Резултатите се пристигнати од вкупно 11 избирачки места во кои се гласа.

Најслаб процент на излезеност има во општина Јегуновце. Таму 12.77% од жителите кои имаат право излегле на гласање заклучно 13 часот.