Делови од зеленчукот кои ги фрламе, а не треба

Според она што го велат нутриционистите, класичното чистење на зеленчукот нѐ наведува да ги фрлиме баш најкорисните делови од плодот.

Млад компир
Mногу луѓе при подготовка на младиот компир ја отстрануваат неговата лушпа пред употреба. Но токму лушпата е полна со влакна, железо, витамин Ц и калиум. Кората од само еден млад компир содржи 18% од препорачаниот дневен внес на влакна.

Морков
За листовите од морковот веројатно никогаш не сте ни помислиле да ги користите како храна. Но токму тие се одличен извор на магнезиум кој ги зајакнува коските и мускулите, и го регулира крвниот притисок. Освен тоа, има и калиум и витамин К, кој исто така ги јакне коските. Со оглед на тоа што обично се горчливи, листовите од морковот можете ситно да ги исецкате и да ги додадете во салата, а задолжително додајте ги и кога правите супа.

Целер
Листовите од целер исто така содржат пет пати повеќе магнезиум и калциум од стебленцата, а имаат и големо противвоспалително дејство, па користете го како и листовите од морковот.

Брокула
Лисјата од брокула обично веднаш се фрлаат, а веројатно не сте знаеле дека во 30 грама содржат 90% од потребните дневни дози за витамин А, којшто е важен за добар имунитет и добар вид. Во тие 30 грама има и 43% од потребните дневни дози витамин Ц.

Блитва
И кога е блитвата во прашање, обично се користат листовите а стебленцата одат во ѓубре. И ова е погрешно, бидејќи во нив има глутамин, аминокиселина која го јакне имунитетот и способноста за опоравување од повреди. Освен тоа, стебленцата од блитва се полни со влакна, па кога ја подготвувате блитвата ситно насецкајте ги и стебленцата и искористете ги и нив.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.