Дел Понте: Хемиското оружје го фрлиле побунениците

Карла Дел Понте е претставникот на ОН во Сирија и ова го изјавила за швајцарската телевизија. 

– Нашите претставници беа во соседните земји, каде разговараа со жртвите и лекарите во мобилните болници. Според нивните искази постои голем конкретен сомнеж, но сеуште без неоспоред доказ дека е употребен сарин, што може да се заклучи по начинот на кој жртвите се лечени – изјавила Дел Понте.

Ситуацијата во Сирија се заострува секој ден откако побунениците го оптужија Асад и неговиот режим дека врз цивилите во Дамаск минатата недела е фрлена бомба со нервен гас. Побунениците тврдат дека во тој напад погинале 1000 лица, додека Сириските официјални лица отфрлаат такво обвинување. 

Сириската влада и побунениците се оптужуваат меѓусебе за нападот со хемиско оружје, а тимот експерти на ОН веќе неколку дена е во Сирија за да испита која страна употребила нервен гас. На тимот испратен од ОН пукале неидентификувани снајперисти па биле присилени да ја прекинат работата на истрагата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.