Средношколците од СОЗШУ “Ѓорче Петров” декорираа украси со еко материјал
Согласно годишната програма на еколошката секција учениците изработуваа украсни предмети користејќи природни материјали. Учениците од четврта година од шумарската струка заедно со ученици од основните школи изработија божиќни аранжмани.
Изложена беше и новогодишна елка изработена од природни материјали и останати украси. Целта на овој настан кој традиционално се организира секоја година е да се подигне нивото на еколошка свест кај учениците а со самото тоа да се развие и нивно еко дејствување, вели професорката Роза Тефова.