Дебата за иницирање и решавање на проблемите на младите во Кавадарци

Оваа иницијатива е покрената како резултат на тоа што пред две години во Кавадарци беше усвоена „Локалната Младинска Стратегија“ и беше оформен „Младинскиот Парламент“.
Од невладините организации на овааа тркалезна маса свое учество земаа  „Креактив“, „Проект Еу“, „Еко друштвото од Кавадарци“, а поради обврски не беа во можност да присуствуваат невладините организации „Зона“ и „СППМД“.
На оваа дебата свое учество земаа и претставници од Советот на Општина Кавадарци, Сашко Петров и Роска Коцева-Андоновска од редовите на СДСМ, додека поради службено патување не беше во можност да присуствува Слободан Ивановски од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

На одржаната дебата имаше и претставници од подмладоците на двете најголеми политички партии. Од редовите на ВМРО ДПМНЕ присутни беа Александар Тасев и Ристе Чаушев, а додека од редовите на СДСМ беа Захариев Лазар, Атанас Таневски и Игор Димовски. На дебатата присуствуваше и Павле Богев, млад и перспективен фудбалер кој моментално е во редовите на битолски Пелистер.

 

Младите дебатираа за актуелните проблеми кои ги засегаат младите од Кавадарци. Тие на флип-чарт листови хартија испишаа неколку проблеми кои сакаат да бидат решени.
Така испишаните проблеми ќе пробаат да ги решат преку нивните претставници, советниците во општина Кавадарци. Тие сакаат од целата листа на проблеми да се изберат неколку од приоритетните, на кои подоцна ќе им следи нивно решавање.


Во прилог ви презентираме дел од проблемите:

  • • Цената на филмските проекции при домот на културата (намалување на цените на филмските проекции со помош на субвенционирање на картите од страна на општина Кавадарци);
  • • Да се реше статусот на дел од актерите во кавадаречкиот театар преку добивање на статус (хонорарци, привремени вработувања, со решение за работа, со договор);
  • • Реоформување на театарската група;
  • • Младински Културен Центар – реконструирање на старите канцеларии на МКЦ (позади музејот на вкусовите);
  • • Градски Базен од затворен карактер, со услови за користење во текот на цела година;
  • • Реконструкција на кошаркарското игралиште (во склоп на спортската сала Јасмин) и дислокација на автошколите на друго место во градот;
  • • Балони за фудбал;
  • • Центар за кариерен развој;
  • • Реконструкција на “Ла Луна“, по можност да се реконструира и пренамени во (Золошка градина, скејт парк);
  • • Золошка градина, со локација во градскиот парк;
  • • Скејт парк;
  • • Здружение за вдомување на животни – бездомници;
  • • Читална во склоп на градската библиотека “Феткин“;
  • • Создавање на услови за “Лицата со посебни потреби“, изградба на пристапни патеки, лифтови во сите Јавни Институции;
  • • Иницијатива за формирање на градски фудбалски клуб;
  • • Да се смене принципот на финансирање на НВО. Најпрво да се поведе постапка за измена на Законот за Локална Самоуправа во делот за финансирање на НВО. Воведување на принцип на “Грантирање на НВО“ од страна на Буџетот на Општина Кавадарци;
  • • Едукативни работилници (граѓаните и администрацијата) за искористување на ЕУ фондовите; 


Created with flickr slideshow.

Leave a Reply

Your email address will not be published.